Вработуваме ASP.NET Програмер

Вработување на ASP.NET програмер

Заради зголемен обем на работа објавуваме оглас за вработување на работното место:

ASP.NET Програмер (1 местo) со полно работно време

1.Работни задачи: Програмирање според однапред утврдени и дефинирани задачи со користење на следните програмски јазици и технологии,

  • Oсновни Front-end веб технологии (HTML/CSS)
  • Angular (TypeScript програмски јазик)
  • NET (ASP.NET Web API сервиси) и C# програмски јазик
  • Т-SQL програмски јазик

2. Потребни квалификации за вработување:

  • Познавање на C#
  • Искуство со програмирање во MSSQL server е предност
  • Нивото на образование не е пресудно
  • Активното користење на Англиски јазик е предност

3. Карактеристики:

  • Да демонстрира припадност кон тимот
  • Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето
  • Исполнителност и одговорност кон доделените задачи,
  • Искреност и отворена комуникација,
  • Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи

4. Работно искуство:

  • Работно искуство со развој на реални апликации ќе се смета за предност.

Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.
Работното место е за работа од дома со флексибилно работно време.

Пријавување : Испратете CV со мотивациско писмо на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за ASP.NET.
Огласот е отворен до 11.01.2021 година.
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот