„Онлајн“ семинар: УПРАВУВАЊЕ СО МАГАЦИН

Семинар Управување со магацин

Управувањето со магацин се повеќе станува актуелна тема во компаниите. Од начинот на кој е организиран магацинот и начинот на кој тој се управува во голема мера зависи успешноста на компанијата. Систематизацијата на активностите во магацинот само навидум изгледа едноставна и лесна за организација. Концептот на современите и ефикасни магацини бара добро планирање за да бидат вклучени сите важни чинители кои придонесуваат за ефикасноста на магацинот: локација, просторен распоред, поделба на зони, организација и управување со вработените, избор и користење на опрема, систематизација на процесите, софтверска поддршка, систем за известување и контрола

Агенда Пријавен лист

 

Цел на семинарот
Целта на семинарот е да се добие целосна и јасна слика за сите елементи кои влијаат на ефикасноста на работењето во магацинот и да се научат некои техники кои веднаш може да се применат во пракса.
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сопственици, менаџери и вработени во компании, пред се
во трговијата на големо и мало и производни компании, кои сакаат да го
осовременат работењето во магацините.

Придобивки од обуката
– Воведно познавање на компонентите кои го сочинуваат управувањето со магацин кое ќе Ви помогне да направите паметни одлука што треба да вклучите во модернизирањето на вашиот магацин;
– Некои од презентираните техники ќе можете самостојно да ги имплементирате веднаш после одржаната обука.

ПРОГРАМА
1. Основи на управувањето со магацин
2. Што е управување со магацин?
3. Разлика помеѓу управување со залихи и управување со магацин?
4. Принципи за управување со магацин.

Процес за управување со магацин:
∙ Развој на јасно дефинирање на работни процедури;
∙ Организирање на тимови;
∙ Максимално искористување на сите ресурси – опрема, простор;
∙ Обезбедување задоволни клиенти;
∙ Фокус кон оптимизација и заштеди.

Организирање на магацинот: Дефинирање и дизајнирање на магацинот:
∙ Локација: поставеност, близина и пристап, користење на технологија, можност за идно проширување;
∙ Дизајн на распоредот на магацинот: Цели, компоненти на дизајнот;
∙ Управување со залихата во магацинот: Чување, влез, излез, контрола;
∙ Управување со безбедност во магацинот: распоред, опрема, простории, обука и документација.

Управување со операциите во магацинот:
∙ Концепт на оптимизиран магацин;
∙ 5S методологија;
∙ Процес на сместување на стоки;
∙ Процес на испорака:
– Управување со време од нарачка до испорака;
– Пикирање;
– Пакување;
– Испраќање.

Процес на пикирање:
∙ Употреба на технологија во магацин;
∙ Баркод скенери;
∙ Автоматизирани скенери;
∙ RFID.

Систем за управување со магацин (WMS):
∙ Концепт;
∙ Опрема;
∙ Начин на имплементација.

Што е 3PL и кои бизниси можат да го користат?

Предавач на семинарот

Славчо Бујароски, уште од 1992 година се занимава со помагање на компаниите да ги осовременат сопствените деловни процеси со цел зголемување на нивната eфикасност преку нивно оптимално структурирање и имплементација на современи ИТ решенија.
Елекроехнички инженер и претприемач од 1995 со огромно искуство и познавање на дизајн, развој, имплементација и поддршка на деловни софтверски решенија за управување со компании. Директно има иницирано развој на повеќе од 20 софтверски производи во областа на управување со компании кои се произведени и поддржани од Сигма-СБ https://sigmasb.com.mk каде е сопственик и управител.
Водел повеќе од 200 имплементации на комплексни софтверски решенија во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Албанија.
Посветен кон дизајн на најдобри деловни процеси во компаниите има стекнато експертско познавање во следните области: Сметководство и даноци, Управување со снабдувачки синџир (Supply Chain Management), Системи за управување со магацин (Warehouse Management Systems), Напредна Дистрибуција, Производство, Молапродажба и Електронска размена на податоци – EDI.

За сите учесници на семинарот во електронска порака ќе бидат доставени:
– линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisco;
– работен материјал и
– сертификат за присуство на семинарот.
Последен рок за пријавување: 7.5.2021 год.
Контакт лицa:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
✆ ++ 389 2 3244074
✉ beti@mchamber.mk

м-р Анита Митревска
✆ ++ 389 2 3244057
✉ anita@mchamber.mk

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје