SSBWebEdi
SSBWebEdi е веб базирана услуга за електронска размена на податоци (EDI) која им овозможува на снабдувачи едноставно, ефикасно еконмски оправдано решение за процесирање на EDI документи со користење на веб прелистувач и интернет конекција.
За влезните документи како што се нарачки од купувачи, SSBWebEdi обезбедува читливи формати од EDI податоците. За излезните документи, како што се фактурите, SSBWebEdi обезбедува форми за внес за креирање на EDI документи.
Кога е возможно, податоците од влезните документи и од зачуваните темплејти се користат како основа за креирање на нови документи со значајно се елиминира внесувањето на податоци.
Кој користи SSBWebEdi?
SSBWebEdi може да да се користи од сите претпријатија, во зависност од потребите, независно од големината
За мали или средни снабдувачи може да се користи постојано, без да има потреба да се поставува интегриран SSBEdiConnector.
За големи снабдувачи се користи како преодно решение додека не се воспостави интегриран EDI систем, или при воведување на нови типови на пораки
Како работи SSBWebEdi
SSBWebEdi го поедноставува користењето на EDI. На претплатниците им овозможува да пристапат и да ги процесираат делвните документи наместо кодирените EDI пораки. За да се користи SSBWebEdi не е потребно да се симнува и инсталира софтвер, нема одржување и нема мапирање на EDI пораки.
SSBWebEdi е дизајниран да им овозможи на нашите клиенти на едноставен начин да ги користат предноситте на EDI и да се фокусираат на нивниот бизнис без да се занимаваат со EDI поврзани работи.
Карактеристики
|
|
Примајте ги вашите нарачки преку e-mail со аттачмент CSV фајл спремен за импорт во било кој софтвер кој има опција за импорт