Кои се функциите на Системот за Управување со Магацин WMS ?

Систем за Управување со Магацин (WMS – Warehouse Management System) е софверско решение кое управува со залихите и операциите во магацините и дистрибутивните центри (ДЦ). WMS функционалноста може да се подели во 3 главни категории:

  • Управување со Залихите
  • Управување со Операциите
  • Известување и Анализа

Управување со Залихи

  1. Следење и распределување на залихата во магацинот и ДЦ
  2. Управување со локациите и планирање на капацитетот
  3. Управување со приеми и сместување на примените стоки
  4. Планирање и управување со пописи
  5. Планирање и распоред на преместување на залихите во магацинот за оптимизација на просторот
  6. Управување со излезните нрачки и планирање на рути и товарење на камиони

Управување со задачите и извршувањето

  1. Управување со задачите според тип и зона
  2. Приоретизирање и распределба на налози за влез и излез
  3. Управување и распределување на вработени според налози и зони
  4. Директни задачи за влез и излез
    • Прием,
    • Сместување
    • Дополнување
    • Пикирање
    • Товарење
    • Повратници

Известување и анализа

  1. Залиха и капацитет
  2. Извршување на задачи
  3. Продуктивност на вработените и перформанси
  4. Статус на налози
  5. Опрема

Предности на WMS во однос на другите системи за управување со залихи

Иако повеќето магацини и ДЦ сакаат да користат WMS, многу од нив се потпираат на можностите кои им ги даваат другите системи како што се ЕРП, систем за нарачки или стандрдно материјално работење.

За очекување е дека различни системи имаат различни фуционалности. На пример, повеќето ЕРП системи обезбедуваат основно ниво на следливост (колку залиха од даден птоизвод е во магацинот). Тие немаат детална следливост на залихите до ниво на микролокација – кој е квалитетот или рокот на производот во секоја локација. Следливоста на ниво на микролокации е задложителна за сите WMS софтверски решенија.