Производи и услуги
Главната деловна активност на Сигма-СБ е изведување на проекти. Нашите клиенти се претежно во реалниот бизнис сектор. Најголемо учество во продажбата земаат производите и услугите кои се директно поврзани со автоматизацијата на определени деловни активности кај нашите клиенти.
Општ тренд на пазарот е потребата за комплетни и комплексни деловни услуги поврзани со управувањето на сложени деловни процеси во индустриско производство, продажба, набавка, управување со финансии и човечки ресурси.
Производите и услугите на Сигма-СБ се различни, но имаат заедничка визија да гарантираат комплетни решенија. Тие може да се групираат во следните области:
- SSB софтверски решенија за компаниски менаџмент
- Услуги за електронска размена на податоци SSBEdi
- Сметководсвени услуги
- Услуги за системска интеграција и администрација на комплетни ИТ системи
- Услуги за избор, набавка и одржување на ИТ опрема
- Консалтинг за автоматизација, реинженеринг и оптимизација на бизнис процеси
- Изнајмување и хостирање на апликации (SaaS – Software as a Service)
- Help Desk и техничка поддршка – SLA (Service Level Agreement)