Често поставувани прашања

 

Како да добијам помош кога ми е потребно

Протокол за комуникација и телефонски повици

Со цел зголемување на ефикасноста на нашите вработени и зголемување на задоволството на нашите клиенти, ние воведовме оптимален процес на примање на повици за техничка помош при секојдневното работење.

Бидејќи обезбедувањето на помош за нашите клиенти бара висок степен на фокусирање кон проблемот кој настанал, за време на оваа активност неопходно е обезбедување на мирна и континуирана работа на нашите вработени, без прекини. Досегашното искуството покажува дека нашите вработени се многу попродуктивни и побрзо ја завршуваат работата дколку не ја прекинуваат тековната активност за да одговорат на повици на телефон.

За таа цел го користиме следниот протокол за комуникација:

Канал 1: Директен повик до вработен во Сигма-СБ, техничко лице кое може да го реши проблемот ка клиентот.

Овој начин е најефикасен за користење и дава одлични резултати кога двете страни се слободни за комуникација и не се зафатени со други активности. Но во услови кога нашите вработени се во состојба на решавање на друг технички проблем, тие задолжително треба да го исклучат повикот (проследено со SMS порака дека ќе бидете контактирани покасно), со што ќе му дадат на знаење на тој што ги побарал дека се зафатени со тековна активност. Ова е јасен сигнал за нашиот клиент дека треба да приемине на следен начин на комуникација.

На следен чекор на комуникација се преминува и доколку лицето не одговорило на повикот.

Канал 2: Праќање на е-маил

Комуникацијата по маил е нашиот најпосакуван начин на комуникација бидејќи дава можност за подобро организирање на нашите внатрешни ресурси и поголема транспарентност на комуникацијата. Во случај кога сте го користеле канал 1 и не сте успеале да воспоставите врска, тогаш испратете маил на  baranje@sigmasb.com.mk со краток опис на проблемот и со сите релевантни информации како може проблемот да биде предизвикан. Не заборавајте да ја наведете итноста на брањето, име и телефонски број на лицето кое треба да биде контактирано. Во случај на блокирачки проблем, ние се обврзуваме дека ќе Ве искомуницираме во разумен рок (најмногу 2 часа по приемот на е-маилот доколку е испратен во работното време на Сигма-СБ)

Канал 3: Комуникација по телефон преку дежурен мобилен телефон

Доколку погорните канали не даваат резултат или проблемот кој го имате е итен и не може да чека, искористете го телефонскиот број + 389-78-478-645 за да се јавите на администраторот за помош на корисници кој ќе го евидентира вашиот случај и ќе обезбеди соодветна реакција

Канал 4: Претходните 3 канали не даваат ефект

Доколку било кој од погорните канали не обезбеди резултат, јавете се на директорот на Сигма-СБ на +389-75-234-742 и пријавете го проблемот.

Колкав процент на ДДВ се фактурира за услугите на Сигма-СБ

Сигма-СБ е ДДВ обврзник и во своите фактури искажува ДДВ. ДДВ тарифата и процентот на ДДВ се утврдува според типот на продажба :

  • Сите услуги со 18% ДДВ
    • услуги за имплементација
    • услуги за изнајмување
    • услуги за поддршка и нови верзии на софтвер
    • услуги за хостирање
    • услуги за Backup
  • Лиценци за сопствен софтвер рзивен од страна на Сигма-СБ со 18% ДДВ (*)
  • Лиценци за софтвер од други производители
    • ако производителот е домашно правно лице онака како што производителот на софверот го декларирал
    • ако производителот е странски добавувач: онака како што стои на царнската декларација кога се прави увоз
    • ако се on-line претплати за кои нема царнска декларација со 18% ДДВ
  • Опрема
    • според законските регулативи 

 

(*) Образолжение: 

Бидејќи карактерот на софтверот кој се го произведува и продава Сига-СБ е со висок степен на кастомизација – прилагодување на потребите  на нашите клиенти и не може едноставно да се категоризира како лиценци за софтвер, Сигма-СБ секогаш своите лиценци ги продава со 18% ДДВ. 

Доколку за одредена продажба е потребно да се користи повластена даночна стапка, мора да се побара точно толкување од Управата за приоди за конкретниот случај.

Каква опрема ми е потребна за користење на SSB ERP

Препорачана и минимална конфигурација за SSB ERP

Примерот се однесува за компанија до 10 корисници која има повеќе локации и работи преку интернет конекција и VPN. Компанијата користи само SSB ERP десктоп апликација, без SSB POS, SSB Mobile, SSB WMS и SSB Web

Сервер – компјутер кој е наменет да биде само сервер и не може да се користи како работна станица 

  • OS: Windows Server оперативен систем последна верзија (min Windows Server 2012)
  • CPU: Intel Xeon (min Intel I7 )
  • RAM:  32 GB (min 16 GB)
  • Storage:  4 x SSD 512 GB во RAID 10   ( min 2 x SSD 512 GB  во RAID 1 )
  • LAN: 1 Gbps (min 100 MBps) 
  • SQL: SQL Standard последна верзија ( min SQL 2014 Express(*)  )
  • Надворешен диск за Backup

Интернет пристап на сервер:

  • 100 Мbit D/U (min 30 Mbit D/U )
  • VPN Server: Mikrotik Router (min RB 915)

Работни станици:

  • OS: Windows оперативен систем последна верзија (min Windows 7)
  • CPU: I5 (min I3) 
  • RAM: 8 GB (min 4GB)
  • Storage: SSD со 1 GB за инсталација и работа на SSB
  • LAN: 100 Mbps
  • Microsoft Office последна верзија ако на работната станица се прават импорт на податоци од Excel (min Microsoft Office 2016)

Интернет пристап на работни станици:

  • 30/5 Мbit D/U (min 10/1 Mbit D/U )

 

 

(*) – SQL Express е бесплатна верзија. Може да се користи само до големина од 10 GB на базата на податоци, што е доволно за компанија која прави 100 фактури месечно. Доколку компанијата има голем опсег на работа, овој капацитет може да биде надминат во првите неколку месеци од работењето

Колку време трае имплементацијата на SSB ERP

Времето на имплементација зависи од:

  • обемот на софтверот кој треба да биде имплементиран
  • бројот на корисници на системот
  • спецификите кои ги има процесот кај клиентот

Типично време на имплементација е од 1 до 4 месеци

 

Како можам да добијам понуда за SSB ERP

Нашиот продажен тим најбрзо ќе ви достави понуда доколку се обратите со маил на slaes@sigmasb.com.mk во кој ќе неведете контакт телефон од претставник на Вашата компанија кој ќе може да одговори на следните прашања

  • да ја опише дејноста на вашата компанија 
  • колку корисници ќе го користат SSB ERP
  • кои области од вашето работење ќе бидат покриени
  • каков систем користите во моментот и кои области од делвното работење се покриени со него
  • со каква опрема располагате: компјутери, сервери, интернет,…
  • колкав буџет сте спремни да одвоите за набавка на новиот систем

Врз база на овие податоци ние ќе Ви доставиме информативна понуда во која може да ви послужи за да го утврдите дали има финансиска оправданост набавката на новиот систем

Доколку иформативната понуда одговара на фашите финансиски проекции, Наш тим заедно со Вас ќе направи детална спецификација на набавката според која ќе направиме и финална понуда. 

Доколку финалната понуда за вас е прифатлива, ќе направиме презентација на системот преку која ќе може да добиете претстава за новиот систем.

Можна е корекција на понудата врз база на новите информации кои ќе се појават за време на презентацијата на системот

После прифатената понуда, се прави договор и следува фактура за плаѓање на авансот. Со тоа се оозначува и почетоот на проектот.