Бенефити од имплементација на SSBEdi во секојдневното работење во супермаркетите на Vero

Веро Лого

За Vero во Македонија

Веро е ланец на супермаркети со скоро 20-годишна традиција. Располага со 10 супермаркети и еден Џамбо – Веро Центар. Уште во 1997 година, од страна на компанијата од Грција Veropoulos се отвара првиот Супермаркет во населба Аеродром во Скопје. Тоа е воедно и првата странска инвестиција на компанијата. Нашето делување е насочено кон задоволување на потребите на сите потрошувачи и бизнис партнери кои стапуваат во контакт со Veropoulos. Со професионален и софестициран однос, со целосна понуда на услуги и производи како и услови во тренд со сите европски стандарди се залагаме и работиме за подобрување на квалитетот на живеење.

На сите пазари на кои сме присутни сакаме да гарантираме исти стандарди на услуги и понуди кои гарантирано водат кон поголем успех во работењето!

Плановите и целите на компанијата се целокупниот профит да го инвестира во нови супермаркети кои му нудат на потрошувачот софистициран начин на пазарување, заедно со својот тим од 800 вработени реализирајќи ја стратегијата Веро-најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, водејќи се со мотото “Купувачот е нашиот шеф”.

 

Ситуација пред имплементација на SSBEdi

 

Имаме голем број на добавувачи и очекуваме околу 4000 нарачки месечно. Се очекуваат уште толку фактури. Со експанзија на Веро очекуваме овие броеви уште повеќе да се зголемат. Со тоа се зголемува и бројот на вработените, а со нив и оперативните трошоци и проблеми. Соочени со таквата ситуација се стремиме кон изнаоѓање на решение со кое ќе ги решиме проблемите предизвикани од се поголемиот број на документи – вели Љубомир Црвенков,  Директор на ИТ сектор во Веропоулос Македонија.

Веро се обиде да го реши овој проблем со повеќе опции –  го зголеми персоналот и просторот за архивирање на документи, соработуваше со алтернативни снабдувачи, за на крај да го воведе SSBEdi (Electronic Data Interchange). Со почит кон предностите и слабостите на сите останати опции, Веро одлучи во своето работење да го имплементира решението на Sigma SB – SSBEdi.

Имплементација

Стратегијата на Веро беше да се избере единствен EDI провајдер. Како резултат на тоа, со цел да се намалат трошоците, да се заштеди на време и да се подобри транспарентноста на проектот, постои еден единствен контакт помеѓу Edi провајдерот и Веро.

Ја избравме Sigma SB како ексклузивен Edi провајдер. Фазата на планирање и имплементација на целиот проект имаше времетраење од 2 месеци – вели Љубомир Црвенков.

Проектот стартуваше на почетокот на 2015 година со примање на првата фактура од еден од добавувачите на Веро. Во периодот од една година, преку SSBEdi, Веро веќе разменува три типа на документи со своите добавувачи.

Предности од користење на SSBEdi

Електронската размена на податоци гарантира извонредни предности за нарачките и фактурите. Други предности кои влијаеа на нашата одлука да го имплементираме SSBEdi беа:

  • Автоматизирана обработка: сите фактури, нарачки и документи се обработуваат автоматски;
  • Минимизација на грешки: грешките направени за време на креирањето и обработката на документи се намалени. Времето и ресурсите кои ни беа потребни за корекција на документите го употребуваме многу поефективно;
  • Автоматизирано фактурирање: изготвувањето на фактури е комплетно автоматизирано со системот – снабдувачот издава електронска фактура која кореспондира со количината на производи испорачани во маркетот;
  • Оптимизација на логистиката: забрзување на процесот како резултат на намалувањето на несовпаѓањата и времето потребно за обработка на документите;
  • Архивирање: со SSBEdi документите лесно можат да се зачуваат, да се пронајдат и анализираат. SSBEdi го скратува времето, ги намалува грешките, ја зголемува сигурноста на податоците кои се пренесуваат и значително ги намалува трошоците;
  • SSBEdi е долгорочно решение со брз повраток на инвестицијата (ROI).

 

SSBEdi и е-фактурирање

Споредено со хартиена форма на фактурите, главните придобивки на SSBEdi фактурите се следните:

  • Автоматизирано издавање на е-фактура која се однесува за одредена испорака гарантира точност на податоците така што нема потреба за додатна верификација и корекција;
  • SSBEdi фактурите немаат потреба од електронски печат;
  • Со SSBEdi, е-фактурата се праќа и прима веднаш, во прашање се секунди;
  • Испраќачот може да го следи статусот online – добива известување во моментот кога е-фактурата е прифатена од системот на партнерот;
  • SSBEdi овозможува електронско архивирање – помали трошоци и полесен пристап до документацијата споредено со архивирањето во папки;
  • Ако е потребно, документите можат и да се печатат;
  • Складирањето е многу полесно и посигурно, барањето на одреден документ не одзема повеќе од неколку минути;
  • Благодарение на е-фактурите, компаниите можат да ги намалат трошоците поврзани со плати на сметководители, хартија, печатење и испорака до 50%.

Со имплементацијата на е-фактурите, се заштедуваат повеќе од 1000 работни часови мануелна работа со што компаниите им се овозможува да ги релоцираат вработените на други задачи – вели Љубомир Црвенков.

Кога компанијата ги префрлува хартиените во Edi фактури се чуствуваат директни и индиректни заштеди. Директните заштеди најчесто се поврзани со хартија, поштаринам архивирање и плати. Индиректните заштеди се однесуваат на точност на податоците, нивниот квалитет (полесно и подобрено валидирање на податоците), брзината на размена и можност за правење на разни брзи анализи, SSBEdi го прави сето тоа возможно.