Четврти Меморијален крос „Димитар Здравевски – Гитко”

Одличен начин да се заврши еден понеделник  преку активен стил на живот. Сигма-СБ беше дел од четвртата меморијална трка Гитко Стронг која се одржа на 20.08.2018 година на Кејот на реката Вардар,  во чест на Димитар Здравевски – Гитко. Меморијалната крос трка беше во должина од 2400м (2.4км) во двата правци по земјениот дел од кејот на Вардар во Аеродром.

Целта на кросот беше дружење и размена на позитивна енергија.