Бенефити од имплементација на SSBEdi во секојдневното работење во млекара Здравје Радово

Млекара Здравје Радово Лого

За млекара Здравје Радово

Млекара Здравје Радово започна со работа во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица. Во 2004 година производството се прошири со нов производствен капацитет во Куманово, а во 2011 година започна со работа новата фабрика во Струмица, со производство на нова палета производи УХТ-млеко.

Годината 2014 ја обележаа уште две нови инвестиции. Едната во новиот погон во Р.Е Куманово започна со производството на млечни намази, а втората инвестиција беше отварањето на сопствена фарма со висококвалитетни овци во регионот на Свети Николе.

 

Почетокот на 2015 година го обележа промовирањето на новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појави традиционалниот производ – сутлијаш. Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи. Развојот и успехот на Млекара Здравје Радово подразбира и зголемување на работниот кадар. Од почетните 8 вработени, денешната бројка изнесува 360. Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2500 литри, денес е зголемен на над 120.000 литри.

Ситуација пред имплементација на SSBEdi

Ширењето на Млекара Здравје радово во поглед на асортиманот на производи како и бројот на вработени подразбираше и зголемен број на документи за обработка. Само во 2015 година беа обработени повеќе од 100.000 фактури, број кој не натера да размислиме за решение кое ќе ни помогне во справување со огромната документација.

По извесно истражување го пронајдовме решението EDI – Electronic Data Interchange. EDI ни се чинеше како најдоброто решение за справување со овој предизвик.

Имплементација на SSBEdi

Како долгогодишен бизнис партнер на Компанијата Сигма-СБ, Здравје Радово се одлучи да имплементира SSBEdi притоа избирајќи ја Сигма-СБ како провајдер на услугата. Одлуката е донесена врз основа на верувањето дека SSBEdi ќе помогне во надминувањето на секојдневните предизвици кои произлегуваат од карактеристиките на производната дејност:

– Комплексен систем на размена на информации и документи;

– Голем обем на различни видови на инпути и аутпути;

– Голем број на компании со кои секојдневно се врши размена на документи;

– Голем број на погрешно направени или изгубени документи.

Предности од користење на SSBEdi

Со имплементацијата на SSBEdi во нашиот систем, денес Здравје Радово ги оствари следните бенефити:

– Висок степен на автоматизираност на системот;

– Автоматизирана обработка на документите – не е потребно мануелно внесување на податоци;

– Побрза обработка на документи значи и побрза реакција на потребите на клиентите;

– Поголема контрола на залихите во магацин;

– Драстично намален број на погрешни или изгубени документи;

– Намалување на времето за обработка на документите за 50%, а со тоа и трошоците за 60%;

– Следење на документите во реално време со што менаџментот има “слика” за состојбата на компанијата во секое време.

Перцепирани бенефити

“Со имплементацијата на SSBEdi, ние имаме точни и навремени нарачки, а комуникацијата со клиентите ни е олеснета. Веќе не се грижиме дали промената на цените стигнала кај клиентите, тоа SSBEdi го прави за нас” – Миодраг Георгиевски, Директор за продажба.