Бенефити од користењето на добар систем за управување со магацинот (WMS)

Значителниот развој на информатичката технологија која се јавува како поддршка на новите индустриски текови по Втората Светска војна, наметна значително влијание во секојдневните бизнис активности на деловните организации. Воведувањето на меѓународните стандарди во многу домени од секојдневието пак, овозможи и значително олеснување на деловните активности преку нивно упростување и оптимизирање.

Земајќи ја во предвид самата природа на активностите кои се одвиваат во магацинот и набљудувајќи го истиот како круцијален дел во организацијата на едно претпријатие, во 70-те години на минатиот век започна еволуцијата во овој домен од работењето на организацијата. Прва важна работа која имаше огромен импакт во раната автоматизација и оптимизација на магацинските процеси имаше воведување на меѓународниот стандард за означување на артиклите односно баркодирање (Universal Product Code). Можноста за енкодирање на информации поврзани со артиклите со едноставен начин на графичка репрезентација овозможи и користење на компјутерската технологија, односно рачни уреди во извршување на одредени процеси во магацинот.

Секако, големиот развој на информатичката технологија си го направи своето, па постојаното иновирање во овој дел, кое пред се во овој период доаѓаше од Јапонија и САД придонесе и од потребата да многу експерти во дејноста посветат големо внимание на магацинското работење и интерно-екстерните процеси кои се одвиваат во магацинот, како и сите процеси кои индиректно имаат влијание врз магацинот. 

Тоа придонесе да уште во 1975 година се појави првиот WMS систем кој бил воведен во малопродажниот ланец J.C. Penney. Практично со овој настан се означува и модерниот развој на системот за управување со магацините кој низ годините се усовршувал во повеќе правци.

Експоненцијалниот раст на информатичката технологија во 90-те години како и во новиот милениум придонесе за уште поголем развој на. Современите WMS системи не само што ја зголемија својата брзина во процесирање на податоци туку ги покрија и сите можни процеси, сите можни функции кои се одвиваат во магацините или дистрибутивните центри.

Но зошто WMS-от е неопходен за деловните претпријатија денес? Неопходноста на WMS-от се огледа преку бројните бенефити кои се остваруваат како што се:

  • Овозможува максимално искористување на просторот преку логичка организација и поделба на магацинот на зони, секции и локации;
  • Дефинира јасни и конзистентни процеси во магациноит врз основа на кои се врши поделбата на работните задачи и подзадачи;
  • Придонесува за контиунирано следење на продуктивноста на вработените во магацинот преку бројни мерливи податоци како што се на пример: спремени број на нарачки, вкупна тежина на пикирани артикли, вкупно и просечно време на спремање на нарачките итн. Тоа пак овозможува и воведување на концепт на плаќање по учинок;
  • Воспоставува низа на контролни точки кои служат за брзо утврдување и исправање на грешки;
  • Воспоставува контролен механизам на влез и излез во магацинот;
  • Можност да се следи залихата во реално време што придонесува за подобра контрола и подобар систем за управување со залихите;
  • Ја максимизира ефикасноста на работењето на виљушкаристите и пикерите и нивно координирано работење преку комплексна позадинска процедура;
  • Намалување на човечките ресурси потребни за извршување на операциите во магацинот како последица на нивното оптимизирање и зголемување на продуктивноста;
  • Го намалува времето на прием, интерна манипулација со палетите како и времето за спремање на нарачките и што е најважно, добриот ВМС систем, добро имплементираниот ВМС систем, придонесува за нулта грешки во магацинот;
  • Обезбедува точни податоци и информации за магацинското работење што пак овозможува точно информирање на менаџментот за работата на магацинот;
  • Го подобрува севкупното задоволство на клиентите испорачувајќи им навремено и точно;

Ова се само дел од бенефитите што ги продуцира современиот WMS систем. Истите се повеќекратни, а истите може да се остварат само со добра имплементација на добар WMS систем. Ние во Сигма СБ со гордост може да кажеме дека сме пионери во развојот на системот за управување со магацини во Македонија. Во повеќедецениското искуство имаме бројни успешни имплементации на WMS во Македонија и околните земји.

Доколку сте заинтересирани за воведување на ваков систем во Вашата компанија, контактирајте не’ ТУКА.