Што е Систем За Управување Со Магацин ( WMS )

SSBWMS - Што е WMS

За дистрибутивните и производните компаниите кои секојдневно се фокусирани кон управување со залихите и кај кои вработените се со различни вештини и имаат различни работни задачи, сеопфатен систем за управување со магацин е основа за нивно ефикасно работење. Во современи услови постои голем избор на опции кои можат да се употребат да ги унапредат процесите во компаниите во сите бизнис сектори.

Дефиниција Што е Систем За Управување Со Магацин ( WMS – Warehouse Management System )

Систем За Управување Со Магацин, за што најчесто се користи кратенката WMS која доаѓа од англискиот тремин Warehouse Management System, претставува специјализирани софтверски апликации кои ги поддржуваат секојдневните активности во магацинот. Дел од системот е и соодветна ИТ опрема како што се податочен сервер, безжична мрежа, десктоп компјутери, рачни компјутери кои работат со преку безжичната мрежа опремени со баркод читачи и принтери за документи и налепници. Ваквиот систем е способен да задава задачи кон вработените и да ги регистрира сите промени на податочниот сервер и сето тоа во реално време.

Дефиниција на терминот Управување Со Магацин може да се најде и на Википедија

Како функционира WMS

Секоја компанија која може да користи WMS има свои специфичности. Затоа и системот кој се користи треба да биде имплементиран да соодветствува на начинот на работа според процедурите и процесите кои ги има компанијата. WMS системот кога е добро имплементиран во Вашиот магацин треба да ги даде следните ефекти;

WMS обезбедува точна и навремена реализација на задачите во магацинот

Задачите кои ги исполнува магацинот најчесто се задаваат од одделите за набавки и продажби. Многу често се случува комуникацијата меѓу овие оддели и магацин да биде многу интензивна, неформална и со многу недоразбирања. Ова вообичаено се предизвикува многу потрошено време за да се разјаснат настанатите недоразбирања. Понекогаш недоразбирањата завршуваат и со погрешна испорака, што претставува значаен трошок за компанијата, но и губење на кредибилитетот кај деловните партнери.

Овие проблеми се надминуваат со воведување на WMS кој има процедури за транспарентна размена на овие информации помеѓу различните оддели. Во таков случај задачите веднаш по настанувањето се видливи во системот. Превземените активности по секоја задача се регистрираат во WMS во реално време. Тоа значи дека и статусот на реализацијата на задачите е достапен за и тие кои ги задале.

Следствено ова веднаш ги намалува недоразбирањата помеѓу одделите и грешките кои настануваат заради тоа. Заштедите во време за разјаснување на комуникацијата и отстранување на направените грешки се значајни. со тоа се скратува времето потребно за реализација но и се зголемува рејтингот на компанијата кај партнерите.

 

10 Совети За Управивање Со Магацин

Е-Кинга: 10 Совети За Управување Со Магацин

Внесете ја Вашата емаил адреса и ние ќе Ви испратиме PDF со овој водич.

Превземете го вашиот БЕСПЛАТЕН PDF

 

WMS обезбедува точна состојба на залихите на стоки

Ако бараме еднаш сте учествувавле во попис на залихи на стоки во магацин при што резултатот од пописот многу се разликува од сметководствената евиденција, тогаш знаете колку е важно да се одржува точна залиха. Современите WMS  системи ја земаат во предвид точноста на залихите и вклучуваат функции кои овозможуваат вработените со едноставно скенирање на баркодови со баркодчитачите да ја одржуваат точноста на залихата во реално време.

Како што се движи стоката низ магацинот, WMS ги евидентира сите случки. Во секој момент точно знае во кој дел од магацинот се наоѓа стоката.

Правењето на попис на залиите со WMS е многу побрзо и поедноставено

Со самиот факт дека WMS обезбедува точна залиха на стоките, потребата за правење на редовни пописи се намалува. Во овој случај, бидејќи WMS точно ја лоцира позицијата на залихата, времето кое е потребно за да се изброи залихата е многукратно памало.

Со користење на методите за цикличен попис, правењето на редовен комплетен попис сосема се елиминира. Сето ова води кон заштеда на време и трошоци за вработени, бидејќи пописите се прават за време на викенд кога магацинот не работи, без да биде намален квалитетот на работењето.

Бенефити од користење на современ Систем За Управување Со Магацин

Јасно е дека Системите За Управување Со Магацин можат да направат многу подобрувања за компаниите во смисла на ефикасност и точност. Но има и работи кои не можат да бидат остварени доколку не се имплементира WMS. Некои од нив се:

Креирање на автоматизирани извештаи

Во услови на интензивно и динамично работење фокусот на менаџментот на магацинот треба да се насочи кон подобрување на работењето, а тоа не е возможно доколку тие треба континурано да прегледуваат извештаи и да ги утврдуваат недостатоците. Една од задачите на WMS е да креира корисни извештаи и да ги направи достапни во моментите кога се потребни

Адаптибилност на системот да расте како што расте Вашиот бизнис

Растот на бизносот е императив, што значи како што минува времето компанијата треба да се менува за да може да расте. Со тоа и WMS мора да се адаптира на новите потреби кои ќе се појават со растот на бизнисот. Затоа е Важно WMS системот да ги обезбеди и идните потреби на компанијата, иако во моментот нема да се користат, за да може да се поддржи компанијата да напредува

Оптимизација на процесот на фактурирање

Фактот дека WMS е местото каде што се регистрираат сите активности при реализација на задачите, тој е местото каде настануваат конечните промени на статусите, Добра имплементација на WMS на компанијата може да и донесе дополнителни заштеди во време и трошоци за изработка на фактурите кон купувачите и нивна следливост во сметководствениот систем

Интеграција со други системи

Најчест облик на интеграција е преку EDI (Electronic Data Interchange). EDI овозможува електронска размена на податоци помеѓу трговските партнери без учество на човек. Тука спаѓаат: Нарачка, Потврда на нарачка, Испратница, Фактура, Извештај за залиха и  др.

 

Независно од големината на компанијата или буџетот кој го има, имплементација на WMS обезбедува заштеда на време и пари. Доколку направите споредба со Вашиот моментален систем ќе видите дека немањето на соодветен систем ве спречува да ги достигнете Вашите цели.

 

Call Sigma-SB

Потребен Ви е WMS?

Сигма-СБ има долгогодшно искуство во имплементација на системи за управување со магацин.

Искористете ја можноста преку необврзувачки консултативен разговор, врз база на Вашата специфична ситуација да дознаете кои бенефити може да ги има Вашата компанија.