еФактура
еФактура е модерен начин на испраќање на фактури електронски, без хартија преку WEB-портал или со интеграција со сметководствениот систем
Користење на ефактури во Европа:
- Данска 75%
- Финска 55%
- Шведска 45%
Во 2009 година во Европа се испратени повеќе од 135.3 милијарди еФактури
Предности од користење на еФактура:
- еФактура носи заштеди во поштенски трошоци и хартија која се користи за печатење и канцелариски материјал
- еФактурата доаѓа до примачот многу побрзо и комуникацискиот систем е достапен 24/7
- Формирањето на фактурата и нејзиното праќање се случува автоматски. SSBEdi еФактура модулот за автоматско примање и праќање на фактури може да се инсталира и конфигурира на секој сметководствен систем.
- Можност за користење на електронски потпис
- еФактурите може да се испраќаат во различни формати: XML фахл со електронски потпис, како слика (PDF фајл со скениран потпис и печат) или како фајл во формат на примачот за да може автоматски да се импортира во сметководсвениот систем на примачот.
- Можност испратените фактури да се чуваат во архива. Доколку имате потреба за услуга за архивирање на документите, може да биде реализирана со имплеметација на SSBEdiArchive.
- Пристапот да архивата е ограничен. Има два вида на пристап: интерни корисници (сметководство) и екстерни (ревизори, даночна инспекција, ..)
- еФактурата може да биде испратена и во друга држава бидејжи компанијата се распознава преку GLN код кој го обезбедува GS1.
- Можност за автоматско креирање на налози за плаќање во е-банкинг. Во моментов поддржани се е-бакнинг системи на сите банки кои имаат можност за интеграција (импорт на налози).