Програмер

 

Квалификации:

  • Искуство со програмирање во Delphi
  • Искуство со Т-SQL програмски јазик
  • Искуство со MS SQL Server база на податоци
  • Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија

Kлучни задачи и одговорности:

  • Изработка на парцијални или нови програмски решенија
  • Изработка на репорти
  • Учествува во осмислување на техничко решение на дефиниран бизнис процес кој треба да се доработи и имплементира
  • Учество во дебагирање и решавање на инциденти поврзани со SQL или извршен код
  • Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција
  • Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи
  • Самостојно и совесно извршување на секоја задача
  • Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
  • Способност за работа во тимска околина и тесна соработка со Бизнис аналитичари

Карактеристики:

  • Да демонстрира припадност кон тимот
  • Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето
  • Исполнителност и одговорност кон доделените задачи
  • Искреност и отворена комуникација

 Предност би имале кандидатите кои го имаат дополнително и следното искуство:

  • Изработка на финансиски и ERP апликации (материјално, финансово, плата…)
  • Работа на Web апликации
  • Искуство со Visual Studio C#, asp.net
  • Активното користење на Англиски јазик

Работно  време

  • Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок
  • За објавеното работно место можна е работа од далечина

Пријавување

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-маил:  rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: „ Програмер”

Начин на избор

Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани во понатамошниот процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

Рок за пријавување:  4-ти Септември 2023 година

Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта

Споделете преку :

Facebook
X
LinkedIn
Email