Трговијата на мало се врши во продавници или бензински станици и опфаќа продавање стоки за лична потрошувачка на крајните потрошувачи.
Согласно пописот на капацитетите во трговијата на мало спроведен од Државниот завод за статистика во 2016 година во нашата држава се попишани вкупно 18.749 продажни капацитети во трговијата на мало. Од тоа, 18.266 се продавници и 483 се бензински станици. Најголема концентрација на продажни капацитети од 23,8% има во Скопскиот Регион, а гледано по општини во: Тетово 8,1%, Куманово 6,9%, Битола 6,1%, Прилеп 5,4%, Центар 5,3%, Струмица 4,4%, Гостивар 4,0%, Чаир 3,9%, Охрид 3,8%, Велес 3,4% и Струга 3,3%.
Работењето во трговијата на мало во себе вклучува секојдневно опслужување на илјадници купувачи кои најчесто имаат физички контакт со стоката која се продава што претставува ризик од кражби од нечесни купувачи.
Автор на текстот е Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија
Текстот е превзмен од списанието Фактор. Целиот текст може да го прочитате тука