SSB RPOS

SSB RPOS – софтвер за угостителски објекти

SSB RPos – Едноставно, брзо и ефикасно

Софтвер за угостителски објекти – ресторани, барови, кафулиња…

Ако одговорите на овие прашања не Ви се допаѓаат, тогаш дефинитивно Ви треба SSB RPos

Што е ССБ РПОС?

ССБ РПОС е уникатно ИТ решение за работа со угостителски објекти.

ССБ РПОС може да работи како независно вертикално решение или како интегрален дел од ЕРП систем.

ССБ РПОС најдобро работи на опрема која користи монитор со допир (tousch screen monitor), но може да работи и на компјутер со обичен монитор, при што се користи глувчето и тастатурата.

Значајни карактеристики на ССБ РПОС

SSB ERP е стабилно решение кое многу компании го користат за да го движат нивниот бизнис.
За повеќе информации како да го ставите SSB ERP и останатите решенија на Сигма-СБ да работат за вас, Ве молиме да нé контактирате.

Функционален опис

SSBRPos претставува софтвер кој се користи при ресторантско работење. Ги содржи примарните  активности при работа во ресторан (дефинирање и употреба на менија, маси,ценовници итн.) како и дополнителни функционалности кои би можело да придонесат во олеснување на работата.

Функционалности на софтверот се следните:

Можност за дефинирање на повеќе типови на продажба 

Софтверот овозможува да се дефинираат повеќе типови на продажба и истите да се користат при работењето. Секој различен тип на продажба(на пр. самопослужување, ресторан, слаткарница, итн) може да има посебно мени со посебни ценовници и попусти.

Дефинирање и распределба на мени

Се овозможува дефинирање на главно мени (кое ќе се употребува во секојдневното работење), како и други менија кои би се употребувале за специјални пригоди (прослави,  фамилијарни веселби, итн). Во секој момент може да се внесат нови артикли во менито , како и да се променат истите.

Дефинирање на сали и распределба на маси

Ресторанот може просторно да се распредели на повеќе сали, во коишто се врши дефинирање на маси со број или опис на масата.

Подесување на посебни ценовници за приватни прослави

При специјални пригоди и прослави, може да се користат посебни ценовници на менијата, кои ќе важат само за тие  пригоди. Подесување на посебен ценовник се врши само за оддбрани, при што се избира од претходно дефинираните ценовници.

Правење на нарачка и праќање на истата за подготовка

Нарачката за одредена маса се пополнува од страна на келнерот, кој ги внесува нарачаните артикли од секоја група на  мени и количината за секој од нив. Веќе направената нарачка може да се измени со додавање на нови артикли, менување на количината на постоечките или пак бришење на внесените артикли. Откако нарачката е направена, се испраќа за подготовка. Нарачката се печати во принтерите кои се однапред  дефинирани ,зависно од артиклите кои се во нарачката.

Групирање и поделба на маси 

Софтверот овозможува групирање на нарачките  од повеќе маси на една или  поделба на масата во повеќе групи на гости. На пример, во случај кога на истата маса седнуваат друга група на гости, нивната нарачка се пресметува одделно од нарачката веќе направена за таа маса, значи се групира масата на 2 одделни групи.

Трансфер на маси

Во случаи кога нарачката од една маса треба да се префрли во друга маса, се врши трансфер на масите. При трансферот во друга маса, може да се префрли цела сметка , одредени артикли, или дел од артиклот.

Club Card 

Moжност за работење со клуб картици за посебни и редовни клиенти. Одреден клуб клиент би можел да има посебен ценовник, одредени попусти на артиклите, итн.

Можност за повеќе начини на плаќање

При издавање на сметката на клиентот, возможни се неколку начини на плаќање и тоа: Плаќање во готово, со картица или на кредит.

Печатење на сметката на фискален принтер

Откога се врши наплатата на сметката, истата се печати на фискален принтер, за седење или за носење.