Helpdesk и техничка поддршка

Help Desk и техничка поддршка – SLA (Service Level Agreement)

Користењето на информатичките системи е слично како и користењето на било кои други технички системи. Самиот збор “систем” означува комплексност која е составена од повеќе составни делови. Од разни причини, понекогаш составните делови не се однесуваат според очекуваното, а тоа се рефлектира како проблем и на целиот информатички систем – тој не се однесува според очекуваното. Во тие услови потребно е системот да се оспособи да работи за најкраток временски период. За да се направи тоа, потребно е добро познавање на системот, но и добро познавање на работните процеси кај корисникот. Резултатот на овие активности треба да биде привремено и/или трајно отстранување на пречките во работењето.

Наш пристап

Сигма-СБ има сопствена help-desk служба преку која обезбедува помош за корисниците при појава на било какви проблеми во тековното работење. Доколку проблемите се во опремата (софтвер и хардвер) веќе е потребна и техничка поддршка за нивно отстранување.

Наши услуги

За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.