Заради зголемен обем на работа објавуваме оглас за вработување на работното место:
ASP.NET Програмер (1 местo) со полно работно време
1.Работни задачи: Програмирање според однапред утврдени и дефинирани задачи со користење на следните програмски јазици и технологии,
- Oсновни Front-end веб технологии (HTML/CSS)
- Angular (TypeScript програмски јазик)
- NET (ASP.NET Web API сервиси) и C# програмски јазик
- Т-SQL програмски јазик
2. Потребни квалификации за вработување:
- Познавање на C#
- Искуство со програмирање во MSSQL server е предност
- Нивото на образование не е пресудно
- Активното користење на Англиски јазик е предност
3. Карактеристики:
- Да демонстрира припадност кон тимот
- Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето
- Исполнителност и одговорност кон доделените задачи,
- Искреност и отворена комуникација,
- Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи
4. Работно искуство:
- Работно искуство со развој на реални апликации ќе се смета за предност.
Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.
Работното место е за работа од дома со флексибилно работно време.
Пријавување : Испратете CV со мотивациско писмо на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за ASP.NET.
Огласот е отворен до 11.01.2021 година.
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот