Заради зголемен обем на работа го прошируваме тимот. Објавуваме оглас за вработување на Имплементатор на ЕРП софтвер.
Имплементатор на ЕРП софтвер
Работни задачи:
- Анализа и документирање на потребите на корисниците
- Прибирање и документирање на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер
- Управување со промени на договорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат навремено исполнети
- Tесна соработка со проект менаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати.
- Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
- Дефинирање на задачи за останати членови на тимот
- Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи
- Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
- Подготовка на извештаи за статус на проект
Вештини:
- Напредно познавање на деловни процеси во комании
- Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
- Одлични аналитички вештини
- Комуникациски вештини
- Вештини за пишување
- Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
- Основно ниво на информатичко знаење
Области од коие потребно знање (општо познавање):
- Општ бизнис менаџмент
- Финанскиски менаџмент
- Управување со производство, трговија и залихи (магацини)
- Управување со дистрибуција и големопродажба
- Малопродажба
- Човечки ресурси
Образование (посакувано):
- Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или
- Економија – сметководство, е-бизнис, финасии или
- Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат
- Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)
- Искуство во имплеметација на ЕРП системи
Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.
Работното место е за работа од дома со флексибилно работно време.
Пријавување: Испратете CV со мотивациско писмо на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за Бизнис Аналитичар
Огласот за вработување на Имплементатор на ЕРП софтвер е отворен до 07.09.2022 година.
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот.
Отворените работни места може да ги најдете на следниот линк