Како Quehenberger со SSBWMS го автоматизира пописот во магацинот на Нептун

SSBWMS автоматизиран попис со мобилни уреди

Зошто автоматизираниот попис е клучен за успех?

Нептун, водечка компанија за малопродажба на електроника и апарати за домаќинство своето управување со залихите во магацинот го има доверено на нивниот 3PL (Third Party Logistics) провајдер Quehenberger кој во своето складиште од 12000 м2 ги извршува сите магацински процеси користејќе го SSBWMS

Во современиот свет на магацинско работење, ефикасноста и точноста се клучни фактори за успех. Преку имплементацијата на SSBWMS и неговата функција за автоматизиран попис, Quehenberger ги автоматизира процесите на управување со залихи. Еве како оваа функција за попис придонесува за нивниот успех:

Како SSBWMS ја подобрува ефикасноста на Quehenberger?

1. Точност од 99.9%

SSBWMS овозможува автоматизиран попис преку мобилни уреди кои скенираат артикли и локации. Оваа технологија ги минимизира човечките грешки и обезбедува 99.9% точност во залихите. За Нептун, ова значи намалување на ризикот од недостаток на производи или погрешни податоци за залихите.

2. Скратување на времето потребно за попис за 60%

Со користење на мобилни уреди и автоматска споредба на залихите во реално време со книговодствената состојба, времето потребно за попис се намалува за 60%. Ова на Quehenberger му овозможува во магацинот да го заврши пописот побрзо, без да ја наруши испорака на производи на Нептун до продавниците, до партнерите и до крајните купувачи.

3. Автоматско генерирање на извештаи

SSBWMS автоматски генерира извештаи за состојба веднаш по завршувањето на пописот. Овие извештаи се лесно достапни за анализа и носење на брзи и информирани одлуки. Quehenberger може веднаш да ги идентификува недостатоците или вишоците на залиха и да преземе соодветни мерки за отсранување на недостатоците.

4. Елиминација на хартија и намалување на трошоци

Благодарение на дигиталната обработка, SSBWMS целосно ја елиминира потребата од хартија при пописот. Целата постака се извршува електронски, со користење на мобилни уреди и автоматско задавање на задачи за пописните комисии. Ова не само што е еколошки, туку и значително ги намалува оперативните трошоци за Quehenberger.

5. Реално време и брза реакција

SSBWMS овозможува пописот да се следи во реално време, што значи дека сите податоци се ажурираат веднаш. Ова на Quehenberger му овозможува брза реакција на итни ситуации, како на пример грешка од оператор или несоодветно означени производи.

6. Подобра организација и контрола

Со автоматизираниот попис, Quehenberger постигнува подобра организација на магацинските операции. Системот обезбедува јасна слика за расположливите залихи, што за Нептун го олеснува планирањето на набавките и продажбата.


Заклучок

Функцијата за автоматизиран попис на SSBWMS е вистинска револуција за магацинскиото работење. Со подобрена точност, намалено време за обработка и автоматско генерирање извештаи, оваа технологија ги оптимизира магацинските процеси и го зајакнува целокупното работење. Во динамичниот свет на управување со залихи, ваквите иновации се клучни за одржување на конкурентноста и задоволството на клиентите.

Дознајте повеќе за тоа како SSBWMS може да го трансформира вашето магацинско работење. Контактирајте нè денес!

Споделете преку :

Facebook
X
LinkedIn
Email

Модернизирајте го вашиот сервис, Веднаш. Зборувајте со експерт