Референт за продажба

Референт за продажба

Во Сигма-СБ, веруваме и практично покажуваме како технологијата има моќ да го трансформира секој бизнис – и тоа го правиме од 1995 година наваму! Ние сме македонска ИТ компанија која не само што испорачува софтвер, туку и гради долгорочни партнерства со клиентите – како нивен стратешки партнер во растот и успехот, веќе 30 години. Нашата компанија е составена од тим на вешти и лојални луѓе, каде некои својата кариера ја започнале во компанијата и сеуште се дел и причината за нејзината успешна приказна. Сега компанијата се наоѓа пред следната етапа на својот еволутивен развој и раст и сме во потрага на следниот колега или колешка кои својата кариера ќе ја започнат и развиваат заедно со нас и во наредните 30 години.

Бараме кандидатка/кандидат која/кој не се плаши од таргети, туку баш напротив ги сака и ја/го мотивираат секојдневно. Која/Кој е позитивна и ведра личност и сака да комуницира со клиенти на начин кој ќе им покаже вистинска грижа за нив и нивните потреби.

Идеално би било да најдеме човек кој отвара врати пред себе кога истите се затворени, кој размислува критично и практично дава предлози за решенија кога ќе се појават проблеми, кој може да се фокусира на најважната активност кога има многу работа едновремено, кој сака да учи кога не знае и кој мотивира кога останатите се обесхрабрени.

Доколку и ти гледаш предизвик во продажна професија и имаш око за вистински вредности, ова е местото каде твојот следен чекор може да стане кариера со вистинско влијание. Ќе работиш директно со нашите клиенти, а истовремено ќе добиваш безрезервна поддршка од колешки и колеги кои имаат остри умови, брзо учат и прифаќаат нови идеи и искрено се грижат за доброто на сите вработени и клиенти во заедничката приказна, наречена Сигма-СБ!

Главните обврски и активности кои се очекуваат успешно да се исполнуваат од потенцијалната кандидатка/кандидат се:

  • Унапредување на стратегијата и управувањето на релациите со постоечките клиенти со цел одржување и зголемување на задоволството преку:
  • Негување на дологорочната соработка и остварување на максимални финансиски резултати
  • Зголемување на соработката и развој на долгорочни релации со нив
  • Управување со целосен продажен циклус на софтверски решенија и услуги и директно учество во продажни активности: контакт, презентација, понуда/предлог за проект, договор за проект, затварање на проект
  • Учество во развој на нова стратегија за развој на бизнисот со цел максимизирање на финансиските резултати на Сигма-СБ според можностите кои ги нуди пазарот
  • Планирање на пласман на постоечки производи и услуги
  • Идентификување на можности за развој на нови услуги и производи според потребите на пазарот
  • Ефективно водење и навремено евидентирање на дневните активности и изготвување на соодветен извештај за менаџментот
  • Изготвување на планови за продажба и грижа за нивното дневно, месечно и годишно реализирање
  • Постојана анализа на пазарот и на конкуренцијата, како и анализа на потребите на клиентот
  • Учество во развој на маркетинг стратегии на локално и национално ново, усогласени со стратегијата на брендот во соработка со етаблирани надворешни маркетинг агенции

Од потенцијалните кандидати очекуваме да поседуваат некои од следниве квалификации:

  • Универзитетска диплома или еквивалентно
  • Искуство во комуникација со деловни клиенти на ниво на извршни директори (C-level)
  • Искуство во продажба на Б2Б ИТ решенија или слични проекти
  • Искуство со маркетинг за Б2Б ИТ решенија
  • Разбирање на пазарот на Б2Б ИТ решенија
  • Капацитет за менаџирање на продажниот процес на Б2Б ИТ решенија
  • Искуство во пишување на предлози за проекти (Project Proposal) и препораки до врвниот менаџмент на клиентите
  • Искуство со ЕРП системи (продажба и/или имплементација и/или користење ) ќе се смета како предност
  • Искуство во управување со продажен процес за Б2Б ИТ решенија ќе се смета за предност

Дополнително, од потенцијалните кандидати очекуваме да се карактеризираат со:

  • Самоиницијативност
  • Ориентираност во достигнување на планови, цели и резултати,
  • Одлични интерперсонални вештини
  • Аналитички способности
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за извршување на задачи во задените рокови

Што може да очекувате од нас:

  • Соодветен и конкурентен компензациски пакет врз основа на искуството и потенцијалот на кандидатот и исполнување на плановите
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Работа со најнови технологии во индустријата
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
  • Пријатна работна атмосфера
  • Хибриден модел на работење од канцеларија и од дома

 

Локација: ул. Лондонска 19 лок.35, 1000 Скопје
Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.

Работното место е за полно работно време.

Аплицирајте со:

  • Детална професионална биографија
  • Мотивациско писмо
  • Листа на претходно водени проекти
  • Референца: контакти од минимум 3 претходни раководители

 

Апликацијата испратете ја на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за Референт за Продажба

Огласот е отворен до 17.07.2025 година.

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот.

 

За нас

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании.

Повеќе за Сигма-СБ на sigmasb.com.mk

Отворените работни места може да ги најдете на следниот линк

Споделете преку :

Facebook
X
LinkedIn
Email

Поврзани објави

Модернизирајте го вашиот сервис, Веднаш. Зборувајте со експерт