За нашиот тим бараме исклучителен Проектен менаџер кој ќе ја води имплементација на нашите решенија
Мисија на позицијата:
Водење на успешна имплементација на решенијата на Сигма-СБ кај клиентите, обезбедувајќи висок квалитет на испорака, задоволство на клиентите и развој на тимот.
Клучни одговорности:
- Управување со проекти (40%)
– Водење на имплементација на софверски решенија
– Управување со проектни тимови (5-10 члена)
– Следење и контрола на проектни рокови и буџети
– Управување со issues, ризици и промени на проектите
– Редовно известување за статус на проектите
- Односи со клиенти (30%)
– Градење и одржување на професионални односи со нови и постоечки клиенти
– Управување со очекувањата на клиентите
– Навремено решавање на проблеми
– Спроведување на обуки за клиенти за одржување на релација со Сигма-СБ
– Редовна комуникација и известување
- Тимско водство (20%)
– Водење и мотивирање на проектни тимови
– Менторство и развој на членови на проектниот тим
– Координација со другите оддели
– Градење на позитивна работна култура
– Евалуација и фидбек на тимот
- Процеси и иновации (10%)
– Развој на методологии/процеси
– Подобрување на ефикасност во работењето
– Документирање на најдобри практики
– Имплементација на иновации
Очекувани резултати:
- 4-6 поголеми проекти годишно
- 6-8 помали проекти годишно
- 90% проекти во рамки на дефиниран буџет (±5%)
- 90% проекти во договорени рокови (±10%)
- Задоволство на клиенти >90%
- Задржување на клиенти >95%
Потребни квалификации:
- Минимум 5 години искуство во проектен менаџмент
- Докажано искуство во имплементации на софтвер за компаниски менаџмент
- Познавање на методологии за проектен менаџмент
- Искуство во водење тимови од 5+ члена
Посакувани квалификации:
- Искуство со Agile методологии
- Познавање на индустрии кои се покриваат со ERP системи
- Техничко образование
Потребни вештини:
- Одлични лидерски способности
- Напредни комуникациски вештини
- Аналитичко размислување
- Решавање на проблеми
- Преговарачки вештини
Ние нудиме:
- Конкурентен компензациски пакет
- Можности за професионален развој и сертификации
- Работа со најнови технологии
- Динамично работно опкружување
- Структуриран онбординг процес
Локација: ул. Лондонска 19 лок.35, 1000 Скопје
Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.
Работното место е за полно работно време.
Аплицирајте со:
- Детална професионална биографија
- Мотивациско писмо
- Листа на претходно водени проекти
- Референца: контакти од минимум 3 претходни раководители
Апликацијата испратете ја на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за Проектен Менаџер
Огласот е отворен до 21.02.2025 година.
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот.
Отворените работни места може да ги најдете на следниот линк