Без вистински WMS, да се максимизира продуктивноста и профитот е многу потешко отколку што може да се замисли.
За менаџерите на складиштата кои сакаат да останат конкурентни во денешното динамично економско окружување, да се инвестира во ефикасен систем за управување со магацин (WMS – Warehouse Management System) не е само добра идеа, туку тоа е и неопходност. Еве зошто ефикасен WMS e суштински и која е цената која можеби ја плаќате не инвестирајќи во таков систем.
Функционирање без WMS
Ако времето е пари ( знаеме дека е!), тогаш работењето без WMS одзема сериозен дел од вашиот профит. Главен недостаток е што работниците губат огромно време за евиденција на залихата, пронаоѓање на различни производи и рачно извршување на други активности кои може да бидат спроведени со многу поголема брзина и точност со користење на WMS.
Извршувањето на овие активности рачно има и други недостатоци кои може да имаат големи трошоци за компанијата. На пример:
1.Недостаток на статистички податоци за активностите во магацинот
Без систем за евидентирање на залихите во реално време при влез и излез од Вашиот магацин, Вие не ги добивате податоците кои може сериозно да ја зголемат вашата оперативна ефикасност.
2.Стоки со поминат рок
Без систем за следење на рокот на траење на производите при приемот и издавањето на стоките, Вие сте во состојба да изгубите одреден процент од Вашите производи заради грешка на операторите
3.“Не ангажирани” вработени
Без податоци за подобрување на ефикасноста на Вашиот магацин нема да можете да ја максимизирате ефикасноста на Вашите вработени. За да може да направите Вашите вработени да работат попаметно и поефикасно, мора да знаете колку брзо производите влегуваат и излегуваат од Вашето складиште.
4.Оперативни грешки
Вие сте само човек – и ако ги управувате своите операции рачно, тоа ќе се рефлектира на Вашата работа. Без WMS многу е веројатно дека ќе правите грешки кои мора да се поправат, а при тоа ќе се одземе непотребно време и ресурси.
Реални резултати кои може да се постигнат со софтвер кој може да си го дозволите
Автоматизацијата на процесите во магацинот со користење на WMS, на компаниите им нуди сериозни предности: Оптимизирање на движењето на стоките низ складиштето, спречување на материјални загуби, максимизирање на капацитетот на складирање, отстранување на грешки во комуникација (усмена), намалување на оперативните трошоци и многу други. Со ова се зголемува продуктивноста: колку што е повеќе автоматизиран Вашиот систем, толку повеќе ќе работите ефикасно а со тоа сте подобро подготвени да ја победите конкуренцијата,
WMS им помага на логистичките менаџери да се соочат поефикасно со многу предизвици – ако бенефитите дадени погоре не се доволно да Ве убедат, може да се додаде и:
- Зголемена точност на залихата
- Следење на продуктивноста на вработените
- Скратено време на прием
- Зголемена агилност кон купувачите
Кај компаниите кои имаат имплементирано WMS се покажа дека ги имаат следните резултати:
- Зголемување на продуктивноста при прием помеѓу 30% и 40%
- Зголемување на искористеност на складиштето меѓу 40% и 70%
- Зголемување на продуктивноста за на испораките меѓу 30% и 50 %
- Зголемување на продуктивноста за спремање на нарачки меѓу 40% и 70%
- Зголемување на точноста на залихите до 99.99%
- Намалување на загуби од застарена залиха помеѓу 40% и 60%
Имајќи ги во предвид овие статистики, јасно е дека кога станува збор за инвестирање во WMS дека не е прашање дали можете да си дозволите да го набавите, туку прашањето е дали можете да си дозволите да немате таков систем