Одличен начин да се заврши еден понеделник преку активен стил на живот. Сигма-СБ беше дел од четвртата меморијална трка Гитко Стронг која се одржа на 20.08.2018 година на Кејот на реката Вардар, во чест на Димитар Здравевски – Гитко. Меморијалната крос трка беше во должина од 2400м (2.4км) во двата правци по земјениот дел од кејот на Вардар во Аеродром.
Целта на кросот беше дружење и размена на позитивна енергија.