5 Најчести Грешки При Имплементација На WMS

SSBWMS Добра имплементација на WMS

Вистински Систем За Управување Со Магацин (WMS) дава одлични резултати, но само кога е имплементиран правилно. Добра имплементација на WMS може да помогне операциите во магацинот да бидат поефикасни. Во текстот подолу е дадена листа на грешки при имплементација и како тие можат да се избегнат.

Добрата подготовка за имплементација на WMS ќе Ве заштити од многу главоболки

Најдобрата работа која може да ја направите при подготовките за Вашиот WMS е да се научи од грешките кои ги правеле другите пред Вас при имплементација на WMS кај нив. Листата подолу треба да ви помогне да избегнете да ги направите истите грешки.

1. Периодот за имплементација е краток

Најголемата грешка при имплементација на WMS е очекувањето дека тоа може да се направи брзо и безболно. Компаниите сакајќи да постигнат резултати што е можно побрзо го скратуваат планираниот рок за имплементација. Имплементацијата на WMS е подолг процес, поточно трае најмалку 6 месеци. Бидејќи WMS не е само автоматизирање на веќе постоечкиот начин на работа, туку носи нов концепт на работа, неизбежно е тоа да се случи во повеќе инкрементални чекори. Потребно е постојано усогласување и оптимизација на активностите на вработените и WMS системот. Подобрувањата во процесот на работа ќе се случуваат континуирано во подолг период после инициајлниот почеток на користење на системот.

2. Нема јасни цели што треба да се постигне со новиот систем

Многу често има примери кога компаниите кои сакаат да имплементираат WMS, немаат јасна претстава што сакаат да постигнат со имплементацијата.

Системите За Управување Со Магацин се комплексни технолошки системи на кои се темели целокупното работење во магацинот и затоа одлуките не смеаат да се прават импулсивно и емотивно. Едноставно не можете да набавите систем и од него да очекувате разултати кои тој систем не може да ги испорача.

Мора да имате во предвид дека Вашиот WMS не е алатка која ја набавувате еднаш и таа ќе ги покрие сите идни потреби. Системот континуирано мора да еволуира за да ги поддржува долгорочните стратегии и цели. Во исто време тој треба да биде прилагодлив кон потребите кои ги диктираат моментните услови во компанијата и пазарот.

Кога сакате да започнете имплементација на систем прво што треба да се направи е да се услогласи функционалноста со моменталните потреби на компанијата земајќи ги во предвид идните потреби.
3. Магацинот не е подготвен за работа со WMS

Во реалноста никој нема да купи мебел кој треба да се состави, ако нема обезбедено алат за составување, бидејќи тогаш ќе гледа само кутии со мебел кој не користи за ништо. Истото важи и за вашиот WMS. Не е воопшто добро да се купи софтвер, ако немате услови да го користите, бидејќи нема да ги добиете резултатие кои ги посакувате.

Софтверот е добар само колку што е подготвен Вашиот магацин каде го имплементирате. Вие мора да ги обезбедите основните предуслови за да може WMS да ги даде максималните резултати.

10 Совети За Управивање Со Магацин

Е-Кинга: 10 Совети За Управување Со Магацин

Внесете ја Вашата емаил адреса и ние ќе Ви испратиме PDF со овој водич.

Превземете го вашиот БЕСПЛАТЕН PDF

 

4. Во тимот за имплементација на WMS не се вклучени вистинските луѓе

Често компаниите не ги вклучуваат вистинските вработени во тимот за имплементација на WMS.

Вашиот тим треба да биде составен од вработени кои имаат вештини кои се потребни за имплементацијата, почнувајќи од организационо планирање, водење на проекти, ИТ инфраструктура и интеграција оперативно раководење не само на магацинот туку и на одделите со кои соработува магацинот (набавки, продажби, транспорт). Најважната улога е сопственикот на WMS софтверот кој треба доволно добро да ги познава сите овие области.

5. Немате обезбедено доволно време за обука и адаптација кон новиот систем

Немањето на доволно време за обука на вработените и адаптација кон новите процедури има големо влијание на успешноста на имплементацијата. Ова најчесто предизвикува грешки кои дополнително го успоруваат, а понекогаш и го застануваат процесот на работа во магацинот, што предизвикува продолжено работно време, задоцнување и грешки во испораките.

Ако сакате имплементацијата на WMS да помине лесно, треба да го подготвите тимот соодветно. Од напред треба да се планира дека е потребно дополнително време за персоналот да помине низ обука и тестирање на новите процедури. Во овој случај потребно е персоналот да “го купи” новиот систем и да го чуствува како свој, бидејќи ако не е така проектот ќе се одолговлечи. Во принцип вработените секогаш прават отпор кога се воведуваат нови процедури бидејќи се плашат дека ќе ја изгубат позицијата, дури и работното место.

 

Call Sigma-SB

Потребен ви е WMS?

Сигма-СБ има долгогодшно искуство во имплементација на WMS.

Искористете ја можноста да закажете необврзувачки консултативен разговор. Врз база на Вашата специфична ситуација ќе дознаете кои бенефити може да ги има Вашата компанија.