Систем за Управување со Магацин (WMS – Warehouse Management System) е софверско решение кое управува со залихите и операциите во магацините и дистрибутивните центри (ДЦ). WMS функционалноста може да се подели во 3 главни категории:
- Управување со Залихите
- Управување со Операциите
- Известување и Анализа
Управување со Залихи
- Следење и распределување на залихата во магацинот и ДЦ
- Управување со локациите и планирање на капацитетот
- Управување со приеми и сместување на примените стоки
- Планирање и управување со пописи
- Планирање и распоред на преместување на залихите во магацинот за оптимизација на просторот
- Управување со излезните нрачки и планирање на рути и товарење на камиони
Управување со задачите и извршувањето
- Управување со задачите според тип и зона
- Приоретизирање и распределба на налози за влез и излез
- Управување и распределување на вработени според налози и зони
- Директни задачи за влез и излез
- Прием,
- Сместување
- Дополнување
- Пикирање
- Товарење
- Повратници
Известување и анализа
- Залиха и капацитет
- Извршување на задачи
- Продуктивност на вработените и перформанси
- Статус на налози
- Опрема
Предности на WMS во однос на другите системи за управување со залихи
Иако повеќето магацини и ДЦ сакаат да користат WMS, многу од нив се потпираат на можностите кои им ги даваат другите системи како што се ЕРП, систем за нарачки или стандрдно материјално работење.
За очекување е дека различни системи имаат различни фуционалности. На пример, повеќето ЕРП системи обезбедуваат основно ниво на следливост (колку залиха од даден птоизвод е во магацинот). Тие немаат детална следливост на залихите до ниво на микролокација – кој е квалитетот или рокот на производот во секоја локација. Следливоста на ниво на микролокации е задложителна за сите WMS софтверски решенија.