Години искуство
Во најголем број случаи воспоставената деловна соработка со нашите клиенти ја надминува границата клиент/снабдувач и преминува во долгорочно партнерство. Сигма-СБ ја игра улогата на ИТ менаџер во компаниите. Со ова нашата одговорност не е само да ги доставиме побараните решенија, туку да се грижиме за иднината на нашите клиенти.
Сите наши производи се изградени врз основа на искуството на нашите клиенти (customer experience). На тоа практично искуство, тимот на Сигма-СБ ја додава својата експертиза од ИТ аспект и кога сето тоа ќе се спореди со најдобрите пракси од областа кои се во примена ширум светот, се добива квалитетен производ кој од една страна е едноставен и лесен за користење, а од друга страна комплетно ги задоволува потребите на корисниците.
Долгогодишното искуство во реализација на голем број на проекти ја зголеми нашата експертиза на највисоко можно ниво во регионот. Нашите решенија даваат огромна конкурентна предност на нашите клиенти кои се во следните индустрии:
Ја правиме информатичката технологијата корисна за сите компании и позитивно влијаеме на нивниот раст и успех
Сигма-СБ на своите клиенти им врши трансфер на know-how преку професионален бизнис консалтинг и современи информатички-комуникациски решенија во кој е вграден одговор на нивните специфични деловни потреби. Ова го правиме за да им помогнеме да бидат поуспешни и поконкурентни и да им овозможиме раст преку користење на нивниот целосен бизнис потенцијал, заштеда на нивното време и пари, со подобрување на ефикасноста на внатрешните ресурси и поедноставено управување со бизнисот.
СИГМА СБ нуди услуги како планирање, дизајнирање, апликативен развој, креирање софтверски решенија, деловен консалтинг и обуки за управување со податоци и бизнис процес инженеринг.