SaaS и хостирање

Изнајмување и хостирање на апликации (SaaS – Software as a Service)

Континуираното инвестирање во информатичките системи е едно од суштинските прашања на корисниците на тие системи. Многу често ова претставува голем проблем бидејќи цената на информатичките системи е висока. Таа е составена од 3 дела: набавка, тековно одржување и надградба на системите. Сите овие активности позади себе повлекуваат одредени трошоци, меѓу кои, трошоците за набавка се случуваат на самиот почеток и се најголеми. Најчесто ова е главната препрека за да се донесе одлука за набавка и за да отпочне со користење на информатички систем.

SaaS е форма на комплетен ИТ оутсорсинг каде корисникот изнајмува ИТ систем на месечна основа. Во цената на SaaS услугата се вклучени и трошоците за воспоставување целосната инфраструктура на која се извршуваат апликациите и трошоците за одржувањето на целосниот систем.

Наш пристап

Од свое сопствено искуство Сигма-СБ ја перципира оваа бариера. Затоа ние воспоставивме услови нашиот информатички систем, нашите апликации и нашите услуги да ги направиме достапни за клиенти без тие да мора истите да ги набавуваат. Услугата за тековно одржување и набавката ги споивме во едно – ние ги изнајмуваме нашите капацитети – сервери, апликации, комуникациски линкови и сето тоа заедно со нивно администрирање и одржување. Се што треба да направи клиентот е да се одлучи да започне да го користи системот и да плаќа месечен надомест. Доколку понатаму се одлучи да го набави системот, целосниот систем ќе биде мигриран кај клиентот.

SAAS

Наши услуги

За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.