Help Desk и техничка поддршка – SLA (Service Level Agreement)
Користењето на информатичките системи е слично како и користењето на било кои други технички системи. Самиот збор “систем” означува комплексност која е составена од повеќе составни делови. Од разни причини, понекогаш составните делови не се однесуваат според очекуваното, а тоа се рефлектира како проблем и на целиот информатички систем – тој не се однесува според очекуваното. Во тие услови потребно е системот да се оспособи да работи за најкраток временски период. За да се направи тоа, потребно е добро познавање на системот, но и добро познавање на работните процеси кај корисникот. Резултатот на овие активности треба да биде привремено и/или трајно отстранување на пречките во работењето.
Наш пристап
Сигма-СБ има сопствена help-desk служба преку која обезбедува помош за корисниците при појава на било какви проблеми во тековното работење. Доколку проблемите се во опремата (софтвер и хардвер) веќе е потребна и техничка поддршка за нивно отстранување.
Наши услуги
8 или 24 часа на ден достапна телефонска поддршка (help-desk)
8 или 24 часа на ден достапна техничка поддршка на терен
За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.
Модернизирајте го вашиот сервис, Веднаш.
Зборувајте со експерт