Врз основа на Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија, бр.42/20) и Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.122/20), Управителот на СИГМА-СБ ја донесе следната,
ПОЛИТИКА
за воспоставување на систем за заштита на личните податоци
Со оваа политика се предвидува создавање на соодветен систем за заштита на лични податоци кои ги применува компанијата СИГМА-СБ во својство на контролор заради обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Компанијата СИГМА-СБ во својата деловната активност меѓу другото врши обработка на лични податоци, односно група на лични податоци, и тоа преку нивно собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, увид, употреба, пренесување, а по истекот на рокот на чување и нивно бришење или уништување.
Во однос на обработката на личните податоци СИГМА-СБ ги применува начелата поврзани со обработката на личните податоци кои се утврдени со Законот за заштита на личните податоци, а со цел да се обезбеди дека личните податоци кои ги обработува се обработуваат согласно со закон, правично и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци (“законитост, правичност и транспарентност”), дека собира лични податоци само за конкретни, јасни и легитимни цели (“ограничување на целите”), дека обработува само податоци кои се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите (“минимален обем на податоци”), дека податоците се секогаш точни и ажурирани, при што секогаш се преземаат мерки за навремено бришење или коригирање на податоците кои се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени (“точност”), дека личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци (“ограничување на рокот на чување”) и дека се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност особено во однос на заштитата од неовластена или незаконска обработка, како и во однос на можноста од нивно губење, уништување или оштетување, а со примена на соодветни технички или организациски мерки (“интегритет и доверливост”).
1.”Личен податок “ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице кое може да се идентификува субјект на лични податоци , а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно , посебно врз основа на идентификатор како што се : име и презиме, матичен број на граѓанинот, подтоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
2.”Обработка на лицни податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци , или група на лични податоци автоматски или на друг начин како што се: собирање, евидентирање, организирање, структуирње, чување, приспособување или промена , повлекување , консултирање , увид, употреба, откривање преку пренесување , објавување или на друг начин правење достапни , усогласување или комбинирање , ограничување , бришење или уништување .
Одредбите на оваа политика се применуваат за:
Во СИГМА-СБ се обработуваат следниве збирки и категории на лични податоци: податоци:
Збирка со лични податоци на вработени.Потребни податоци за пресметка на –плата(податоци од Л.К,трансакциона сметка,податок во однос на висина на плата и надоместок од плата и данок,минат труд,Присуство/отсуство од работа,прекувремена работа)
-договор за вработување(податоци од Л.К,припадност на заедница,пол,емаил,податоци за образованието,стручни квалификации и компетенции,податоци за работрното време
-Здравствено осигурување на малолетни деца и сопруг/а ако е невработен/а(Податоци за членовите на семејството за здравствено осигурување)
–Користење на сопствено возило за службени цели(Име презиме,потребни податоци за возилото
Збирка со податоци на потенцијални вработени/кандидати за вработување во компанијата -Потнцијални вработени-CV(Име и презиме,датум на раѓање,адреса,сертификати за доквалификација,тел.број,емаил,националност,фотографија(може но немора)
Збирка на лични податоци за ангажирани лица (договори)
-Повремено ангажирани лица(Податоци од Л.К,транскциона сметка,висина на исплата на надомест)
Согласно оваа Политика, системот за заштита на личните податоци во рамките на работењето на компанијата СИГМА-СБ а со цел обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци, се состои од интерни акти кои ги пропишува Компанијата и истите се објавени на Интравебот на Компанијата. Истите, според потребите, се ревидираат и ажурираат.
Вработените во СИГМА-СБ во рамките на своите надлежности според принципот „потребно е да знае“ се должни да ги почитуваат и применуваат Политиката за воспоставување на систем за заштита на личните податоци, како и целокупниот сет на интерни акти донесени врз основа на неа.
Сите вработени лица се информираат, запознаваат и се одговорни за почитување на политиките и процедурите за заштита на личните податоци за што потпишуваат и посебна Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци, која е составен дел на оваа Политика.
Менаџментот на СИГМА-СБ ги усвојува и донесува сите интерни акти за воспоставување на системот за заштита на личните податоци и е одговорен во однос на начинот на неговото функционирање.
Одговорното лице за заштита на лични податоци во СИГМА-СБ врши редовна проценка на потребата за изготвување и донесување на нови интерни акти или промена на постојните од аспект на нивно усогласување со прописите за заштита на лични податоци
Вработените за било кој сомнеж, инцидент, дилема, или проблем во врска со обработката на личните податоци се консултираат и го информираат одговорното лице за заштита на лични податоци со цел да се обезбеди нвремено негово вклучување во сите прашања поврзани со заштитата на личните податоци.
Контат за сите прашања од областа на заштитата на личните податоци:
Телефон: 076/44 33 84 Маил: Info@sigmasb.com.mk.
СИГМА-СБ ја менува Политиката и интерните акти донесени врз основа на истата, доколку се направат промени во информацискиот систем и информатичката инфраструктура, а најмалку еднаш годишно врши евалуација и по потреба ажурирање.
Оваа Политика стапува во сила со денот на нејзиното донесување и истата сe објавува на веб страната на СИГМА-СБ.
Потпис на одговорно лице
СИГМА СБ нуди услуги како планирање, дизајнирање, апликативен развој, креирање софтверски решенија, деловен консалтинг и обуки за управување со податоци и бизнис процес инженеринг.