Во секојдневното работење на компаниите има многу оперативни активности кои се меѓусебно зависни. Овие активности ги има и кај големите и кај малите компании независно од дејноста, територијата на дејствување и начинот на организирање. Секоја компанија има своја специфичност но сите тие имаат заеднички карактеристики и зеадничка потреба: ефективно интегрирано управување со сите компаниски процеси.
SSB ERP е сеопфатна алатка наменета за вкупно интегрирано управување со деловните операции. Решението може да се адаптира на било кој тип на организација и на било која големина на компанија. Интегрираниот пристап овозможува достап до единствените податоци и информации од било кој сегмент на работењето, од една срана, и едноставно користење од друга страна.
SSB ERP овозможува покривање на многу процеси меѓу кои се сметководство, финансии, набавки, залихи, продажби, основни средства, плати и уште многу други процеси од општото деловно работење на компаниите. На SSB ERP се придружени уште многу други наменски решенија кои обезбедуваат одговор на специфичните потреби на различни индустрии – управување со магацини, малопродажба, употреба на мобилни компјутери и др..
Сигма-СБ со SSB ERP обезбедува сите комапниски операции да се евидентираат во еден единствен интегриран систем кој лесно се прилагодува кон Вашите потреби. Сите операции директно се рефлектираат на сметководствената и финансиска евиденција во компанијата со што се овозможува увид во реално време на резултатите од работењето – биланс на успех и биланс на состојбата. Со SSB ERP вие можете:
SSB ERP е стабилно решение кое многу компании го користат за да го движат нивниот бизнис. За повеќе информации како да го ставите SSB ERP и останатите решенија на Сигма-СБ да работат за вас, Ве молиме да нé контактирате.
СИГМА СБ нуди услуги како планирање, дизајнирање, апликативен развој, креирање софтверски решенија, деловен консалтинг и обуки за управување со податоци и бизнис процес инженеринг.