Во Музејот на Македонската борба, на 08.05.2018 година (Вторник) го организиравме настанот “ДЕГУСТАЦИЈА” на производите на Сигма-СБ и Zebra”. Повеќе од 90 учесници од нашите најголеми компании беа присутни на настанот на кој беа презентирани како функционира опремата на Zebra на решенијата на Сигма-СБ и како истите имаат практична примена за ефикасно работење на компаниите од областа на малопродажбата, големопродажбата, производството, логистиката, дистрибуцијата и други дејности.
Презентацијата на решенијата на Сигма-СБ на опремата на Zebra започна уште со самата регистрација. Софтверот на Сигма-СБ и принтерите на Zebra овозможија на лице место да се печатат ID картици со баркод на сите учесници на настанот.
Официјално настанот го отвори Никола Аврамоски, Директор на Сигма-СБ Компјутери кој воедно e овластен препродавач на производите на Zebra.
По свеченото отварање на настанот, презентации имаа нашите гости од Zebra, Невена Раденковиќ – Channel Account Manager for Adriatic+Bulgaria, Јован Поповиќ – Senior Territory account manager и Небојша Катиќ – Sales engineer. На присутните гости им беа претставени карактеристиките и функционалностите на опремата на Zebra на најновите мобилни компјутери, баркод скенери, принтери. Претставниците од Zebra ги објаснија Бенефитите од користењето на Zebra уредите и нивната употреба за професионални цели.
Славчо Бујароски, Директор на Сигма-СБ прво ги претстави софтверските решенија на Сигма-СБ како што се: SSB ERP, SSB WMS, SSB Mobile, SSB RMS и други решенија и производи, а подоцна следуваше и реална презентација на решенијата на Сигма-СБ на опремата на Zebra. На гостите им беше дадена можност да пополнат барање за лична презентација за оние производи и решенија за кои беа заинтересирани.
Се поделија и награди – ваучери за попуст на решенијата на Сигма-Сб и опремата на Zebra. Се извлекуваа баркодовите од куглата, и преку баркод читачот на Zebra на софтверот на Сигма веднаш се покажуваше добитникот на ваучерот за попуст. Гостите имаа можност да пополнат барање за лична презентација за производите за кои беа заинтересирани. Настанот продолжи со дружење.