Не го гледате Вашето прашање? Јавете се на +389 76 44 33 84 за да зборувате со некој од нашите експерти.
Сигма-СБ е технолошка компанија специјализирана за развој на бизнис софтверски решенија, вклучувајќи ERP, WMS, EDI и решенија за управување со авто сервиси.
Компанијата работи во Македонија, Албанија, Косово и Србија
Нашиот продажен тим најбрзо ќе ви достави понуда доколку се обратите на телефонскиот број: +389 76 351 088 или на маил: slaes@sigmasb.com.mk во кој ќе неведете контакт телефон од претставник на Вашата компанија. При првичниот разговор ќе треба да може да одговорите на следните прашања:
Врз база на овие податоци ние ќе Ви доставиме информативна понуда во која може да ви послужи за да го утврдите дали има финансиска оправданост набавката на новиот систем
Доколку иформативната понуда одговара на фашите финансиски проекции, Наш тим заедно со Вас ќе направи детална спецификација на набавката според која ќе направиме и финална понуда.
Доколку финалната понуда за вас е прифатлива, ќе направиме презентација на системот преку која ќе може да добиете претстава за новиот систем.
Можна е корекција на понудата врз база на новите информации кои ќе се појават за време на презентацијата на системот
После прифатената понуда, се прави договор и следува фактура за плаѓање на авансот. Со тоа се оозначува и почетокот на проектот.
Со цел зголемување на ефикасноста на нашите вработени и зголемување на задоволството на нашите клиенти, ние воведовме оптимален процес на примање на повици за техничка помош при секојдневното работење.
Бидејќи обезбедувањето на помош за нашите клиенти бара висок степен на фокусирање кон проблемот кој настанал, за време на оваа активност неопходно е обезбедување на мирна и континуирана работа на нашите вработени, без прекини. Досегашното искуството покажува дека нашите вработени се многу попродуктивни и побрзо ја завршуваат работата дколку не ја прекинуваат тековната активност за да одговорат на повици на телефон.
За таа цел го користиме следниот протокол за комуникација:
Канал 1: Директен повик до вработен во Сигма-СБ, техничко лице кое може да го реши проблемот ка клиентот.
Овој начин е најефикасен за користење и дава одлични резултати кога двете страни се слободни за комуникација и не се зафатени со други активности. Но во услови кога нашите вработени се во состојба на решавање на друг технички проблем, тие задолжително треба да го исклучат повикот (проследено со SMS порака дека ќе бидете контактирани покасно), со што ќе му дадат на знаење на тој што ги побарал дека се зафатени со тековна активност. Ова е јасен сигнал за нашиот клиент дека треба да приемине на следен начин на комуникација.
На следен чекор на комуникација се преминува и доколку лицето не одговорило на повикот.
Канал 2: Праќање на е-маил
Комуникацијата по маил е нашиот најпосакуван начин на комуникација бидејќи дава можност за подобро организирање на нашите внатрешни ресурси и поголема транспарентност на комуникацијата. Во случај кога сте го користеле канал 1 и не сте успеале да воспоставите врска, тогаш испратете маил на baranje@sigmasb.com.mk со краток опис на проблемот и со сите релевантни информации како може проблемот да биде предизвикан. Не заборавајте да ја наведете итноста на брањето, име и телефонски број на лицето кое треба да биде контактирано. Во случај на блокирачки проблем, ние се обврзуваме дека ќе Ве искомуницираме во разумен рок (најмногу 2 часа по приемот на е-маилот доколку е испратен во работното време на Сигма-СБ)
Канал 3: Комуникација по телефон преку дежурен мобилен телефон
Доколку погорните канали не даваат резултат или проблемот кој го имате е итен и не може да чека, искористете го телефонскиот број + 389-78-478-645 за да се јавите на администраторот за помош на корисници кој ќе го евидентира вашиот случај и ќе обезбеди соодветна реакција
Канал 4: Претходните 3 канали не даваат ефект
Доколку било кој од погорните канали не обезбеди резултат, јавете се на директорот на Сигма-СБ на +389-75-234-742 и пријавете го проблемот.
Времето на имплементација зависи од:
Типично време на имплементација е од 1 до 4 месеци
Обезбедуваме:
Примерот подолу се однесува за компанија до 10 корисници која има повеќе локации и работи преку интернет конекција и VPN. Компанијата користи само SSB ERP десктоп апликација, без SSB POS, SSB Mobile, SSB WMS и SSB Web
Сервер – компјутер кој е наменет да биде само сервер и не може да се користи како работна станица
Интернет пристап на сервер:
Работни станици:
Интернет пристап на работни станици:
(*) – SQL Express е бесплатна верзија. Може да се користи само до големина од 10 GB на базата на податоци, што е доволно за компанија која прави 100 фактури месечно. Доколку компанијата има голем опсег на работа, овој капацитет може да биде надминат во првите неколку месеци од работењето
Сигма-СБ е ДДВ обврзник и во своите фактури искажува ДДВ. ДДВ тарифата и процентот на ДДВ се утврдува според типот на продажба :
(*) Образолжение:
Бидејќи карактерот на софтверот кој се го произведува и продава Сига-СБ е со висок степен на кастомизација – прилагодување на потребите на нашите клиенти и не може едноставно да се категоризира како лиценци за софтвер, Сигма-СБ секогаш своите лиценци ги продава со 18% ДДВ.
Доколку за одредена продажба е потребно да се користи повластена даночна стапка, мора да се побара точно толкување од Управата за приоди за конкретниот случај.
Да, нашите решенија поддржуваат интеграција со други софтверски системи преку API, EDI и други стандардни протоколи.
СИГМА СБ нуди услуги како планирање, дизајнирање, апликативен развој, креирање софтверски решенија, деловен консалтинг и обуки за управување со податоци и бизнис процес инженеринг.