Следливост и Безбедност – Traceability and Safety
Изградете ја лојалноста на купувачите и зголемете ја безбедноста на производите со решенијата за следливост на Сигма-СБ.
Безбедноста на храната и зголеменото внимание на значењето на лековите во здравството ја прават безбедноста на производите од најголем значење за потрошувачите, сопствениците на бизнисите и законодавството.
Барањата за следливост наметнати од законите лесно може да се сфатат и како уште една препрека за зголемување на профитабилноста. Сепак, ова прашање исто така дава и можности. Следливоста значи зголемување на безбедноста на производите, а тоа пак значи зголемена доверба на потрошувачите.
Решенијата за безбедност и следливост на Сигма-СБ им помагаат на трговците и производителите за усогласеност со законите и за здобивање на симпатиите на потрошувачите.
Направете ја Безбедноста и Следливоста Ваша Конкурентна Предност
Како водечки специјалист во индустријата, Сигма-СБ има знаење, алатки и ресурси кои Ви требаат да ја направите следливоста ефективна и тоа да се претвори во конкурентна предност:
- Обезбедена следливост на стоките кои се движат низ снабдувачкиот канал од добавувач до купувач
- Идентификација на предметите на следливост (производи, пакети или палети) со единствен број
- Брз одговор во случај на отстапување и ризик
Следливоста е област каде трговците и производителите треба да бидат пред законските промени. За да дознаете како Сигма-СБ може да Ви помогне како да изградите ефективна стратегија за следливост, Ве молиме да нé контактирате.