Во Сигма-СБ, веруваме и практично покажуваме како технологијата има моќ да го трансформира секој бизнис – и тоа го правиме од 1995 година наваму! Ние сме македонска ИТ компанија која не само што испорачува софтвер, туку и гради долгорочни партнерства со клиентите – како нивен стратешки партнер во растот и успехот, веќе 30 години. Нашата компанија е составена од тим на вешти и лојални луѓе, каде некои својата кариера ја започнале во компанијата и сеуште се дел и причината за нејзината успешна приказна. Сега компанијата се наоѓа пред следната етапа на својот еволутивен развој и раст и сме во потрага на следниот колега или колешка кои својата кариера ќе ја започнат и развиваат заедно со нас и во наредните 30 години.
Бараме кандидатка/кандидат која/кој не се плаши од таргети, туку баш напротив ги сака и ја/го мотивираат секојдневно. Која/Кој е позитивна и ведра личност и сака да комуницира со клиенти на начин кој ќе им покаже вистинска грижа за нив и нивните потреби.
Идеално би било да најдеме човек кој отвара врати пред себе кога истите се затворени, кој размислува критично и практично дава предлози за решенија кога ќе се појават проблеми, кој може да се фокусира на најважната активност кога има многу работа едновремено, кој сака да учи кога не знае и кој мотивира кога останатите се обесхрабрени.
Доколку и ти гледаш предизвик во продажна професија и имаш око за вистински вредности, ова е местото каде твојот следен чекор може да стане кариера со вистинско влијание. Ќе работиш директно со нашите клиенти, а истовремено ќе добиваш безрезервна поддршка од колешки и колеги кои имаат остри умови, брзо учат и прифаќаат нови идеи и искрено се грижат за доброто на сите вработени и клиенти во заедничката приказна, наречена Сигма-СБ!
Главните обврски и активности кои се очекуваат успешно да се исполнуваат од потенцијалната кандидатка/кандидат се:
- Унапредување на стратегијата и управувањето на релациите со постоечките клиенти со цел одржување и зголемување на задоволството преку:
- Негување на дологорочната соработка и остварување на максимални финансиски резултати
- Зголемување на соработката и развој на долгорочни релации со нив
- Управување со целосен продажен циклус на софтверски решенија и услуги и директно учество во продажни активности: контакт, презентација, понуда/предлог за проект, договор за проект, затварање на проект
- Учество во развој на нова стратегија за развој на бизнисот со цел максимизирање на финансиските резултати на Сигма-СБ според можностите кои ги нуди пазарот
- Планирање на пласман на постоечки производи и услуги
- Идентификување на можности за развој на нови услуги и производи според потребите на пазарот
- Ефективно водење и навремено евидентирање на дневните активности и изготвување на соодветен извештај за менаџментот
- Изготвување на планови за продажба и грижа за нивното дневно, месечно и годишно реализирање
- Постојана анализа на пазарот и на конкуренцијата, како и анализа на потребите на клиентот
- Учество во развој на маркетинг стратегии на локално и национално ново, усогласени со стратегијата на брендот во соработка со етаблирани надворешни маркетинг агенции
Од потенцијалните кандидати очекуваме да поседуваат некои од следниве квалификации:
- Универзитетска диплома или еквивалентно
- Искуство во комуникација со деловни клиенти на ниво на извршни директори (C-level)
- Искуство во продажба на Б2Б ИТ решенија или слични проекти
- Искуство со маркетинг за Б2Б ИТ решенија
- Разбирање на пазарот на Б2Б ИТ решенија
- Капацитет за менаџирање на продажниот процес на Б2Б ИТ решенија
- Искуство во пишување на предлози за проекти (Project Proposal) и препораки до врвниот менаџмент на клиентите
- Искуство со ЕРП системи (продажба и/или имплементација и/или користење ) ќе се смета како предност
- Искуство во управување со продажен процес за Б2Б ИТ решенија ќе се смета за предност
Дополнително, од потенцијалните кандидати очекуваме да се карактеризираат со:
- Самоиницијативност
- Ориентираност во достигнување на планови, цели и резултати,
- Одлични интерперсонални вештини
- Аналитички способности
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Комуникациски и организациски вештини;
- Способност за извршување на задачи во задените рокови
Што може да очекувате од нас:
- Соодветен и конкурентен компензациски пакет врз основа на искуството и потенцијалот на кандидатот и исполнување на плановите
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
- Работа со најнови технологии во индустријата
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
- Пријатна работна атмосфера
- Хибриден модел на работење од канцеларија и од дома
Локација: ул. Лондонска 19 лок.35, 1000 Скопје
Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.
Работното место е за полно работно време.
Аплицирајте со:
- Детална професионална биографија
- Мотивациско писмо
- Листа на претходно водени проекти
- Референца: контакти од минимум 3 претходни раководители
Апликацијата испратете ја на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за Референт за Продажба
Огласот е отворен до 17.07.2025 година.
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот.
За нас
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании.
Повеќе за Сигма-СБ на sigmasb.com.mk
Отворените работни места може да ги најдете на следниот линк