Цикличен попис значи броење на дел од залихата во одреден момент без да има потреба за рачна евиденција на изброената количина. Со други зборови, тоа е техника со која може да се спореди колку залихата која е евидентирана во Системот за Управување со Залиха (WMS) одговара на актуелната количина која е на залиха во магацинот.
Има 3 главни типови кои се користат за цикличен попис на залихата:
Цикличен попис на котролна група
Овој тип на цикличен попис се фокусира на истите артикли повеќе пати во краток период. На овој начин се откриваат грешки во техниката на броење, кои потоа треба да се поправат и да се корегира постапката за броење за да дава точни резултати.
Цикличен попис на случаен примерок
Ако вашиот магацин има голем број на слични артикли, за секој цикличен попис по случаен избор може да се селектираат одреден број на артикли кои ќе се бројат. Ова обезбедува пописот да се прави за додека траат редовните активности во работно време без да се предизвика прекин на работата.
АБЦ цикличен попис
Овој начин на правење цикличен попис го користи Парето принципот за класификација на артиклите по категории ( А, Б и Ц ) според вредноста на залихата или според обртот. Со овој пристап, А артиклите се бројат почесто од артиклите од тип Б. Артиклите Ц се бројат многу поретко