Сигма–СБ Туна Салата

Не можам точно да ви кажам како и кога настанала Сигма-СБ туна салатата, но со сигурност можам да ви кажам дека долго време го зазема првото место за доручек во Петок. Да, секој Петок. Најдобриот бенефит од тоа е што секој Петок знаете што имате на мени за доручек. Па би сакала да ви ја кажам тајната како да направите совршена Сигма-СБ туна салата.

Пред се прво мора да имате лице кое  прави список колку слатати треба да се направат и кои намирници фалат за да се набават. Откога сте го завршиле списокот за набавка и знаете точно колку салати треба да се подготват, списокот се предава на друго лице за набавка.

Ова се продуктите кои се потребни за да подготвите Сигма-СБ туна салата:

  1. Марула
  2. Домат
  3. Морков
  4. Кисели краставички
  5. Спанаќ
  6. Пиперка блага
  7. Кромид
  8. Пченка од конзерва
  9. Туна
  10. Магдонос
  11. Маслинки (по избор)
  12. Луто пиперче ( по избор)
  13. Доматен сос ( по избор)

Откако ќе стигне набавката, следува припремата:

Како прво мора да имате Шеф на кујна – лице кое е главен мајстор и дава понатамошни упатства за подготовка. Понатаму, еден е задолжен за миење на сите производи. Прво се мие марулата и спанаќот па се предава кај друг за сечење. Трет лупи и ренда морков. Четврт сецка кисели краставички. Петтиот сецка кромид, домат….итн. Се сече лебот, се отвараат туните, се бројат салати потребни за подготовка, се вадат тањири и започнуваме.

Редоследот во принцип е следниов: прво ставате марула, па морков, домат, кисели краставички, спанаќ, пченка, кромид… и туната на крај. Сол, балзамико (по желба), останати зачини секој по желба и  Сигма-СБ туна салатата е готова. Гарантирано превкусна.

Но, запамтете, салатата  мора да биде подготвена од целиот тим. Бидејќи како што кажал  George Shinn: ” There is no such thing as a self-made man. You will reach your goals only with the help of others..”

Bon appétit 🙂

Споделете преку :

Facebook
X
LinkedIn
Email