Континуираното инвестирање во информатичките системи е едно од суштинските прашања на корисниците на тие системи. Многу често ова претставува голем проблем бидејќи цената на информатичките системи е висока. Таа е составена од 3 дела: набавка, тековно одржување и надградба на системите. Сите овие активности позади себе повлекуваат одредени трошоци, меѓу кои, трошоците за набавка се случуваат на самиот почеток и се најголеми. Најчесто ова е главната препрека за да се донесе одлука за набавка и за да отпочне со користење на информатички систем.

SaaS е форма на комплетен ИТ оутсорсинг каде корисникот изнајмува ИТ систем на месечна основа. Во цената на SaaS услугата се вклучени и трошоците за воспоставување целосната инфраструктура на која се извршуваат апликациите и трошоците за одржувањето на целосниот систем. 

Наш пристап

Од свое сопствено искуство Сигма-СБ ја перципира оваа бариера. Затоа ние воспоставивме услови нашиот информатички систем, нашите апликации и нашите услуги да ги направиме достапни за клиенти без тие да мора истите да ги набавуваат. Услугата за тековно одржување и набавката ги споивме во едно - ние ги изнајмуваме нашите капацитети - сервери, апликации, комуникациски линкови и сето тоа заедно со нивно администрирање и одржување. Се што треба да направи клиентот е да се одлучи да започне да го користи системот и да плаќа месечен надомест. Доколку понатаму се одлучи да го набави системот, целосниот систем ќе биде мигриран кај клиентот.

Наши услуги

    • Изнајмување и хострање на деловни апликации
    • Воспоставување на технички услови кај клиентот за користење на системот 
    • Администрација и одржување на целиот систем

За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.