Оглас за работно место БИЗНИС АНАЛИТИЧАР – ИМПЛЕМЕНТАТОР

СИГМА-СБ  компанија за развој и имплементација на софтвер и хардверски решенија, носител на еден од најпрестижните домашни софтвери, ССБ-ЕРП, за целосно  управување со работењето и  унапредување на севкупните процеси во компаниите, има потреба од пополнување на работнo местo:

Бизнис аналитичар – Имплементатор

Работни задачи: 

– Анализа и документирање на потребите на корисниците на софтвер

– Пишување на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер

– Прибирање, разбирање и пренесување на барањата на корисниците во облик на функционална спецификација

– Управување со промени надоговорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат       исполнети

– Tесна соработка со проектменаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати

– Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи

– дефинирање на задачи за извршување

– Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи

– Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби

– Подготовка на Извештаи за статус на проект

Вештини:

– Напредно познавање на бизнис процеси

– Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент

– Одлични аналитички вештини

– Напредни комуникациски вештини

– Напредни вештини за пишување

– Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време

– Основно ниво на техничко знаење

Области од коие потребно знање (општо познавање):

– Општ бизнис менаџмент

– Финанскиски менаџмент

– Управување со производство,  трговија и залихи

– Управување со дистрибуција и големопродажба

– Малопродажба

– Човечки ресурси

Образование (посакувано): 

– Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или

– Економија – сметководство, е-бизнис, финасии или

– Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат

– Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)

– Искуство во имплеметација на ЕРП системи

Пријавување :

Испартете CV на е-mail: rabota@sigmasb.com.mk  .

Огласот е објавен на 05.07.2018 г. Отворен е до пополнување на работното место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *