Евиденција на годишни одмори

 

Формата се состои од повеке делови:

 

image

 

                                                                                         Сл. 3

               

Прв дел:

Фирма -  тековната фирма – неедитабилно поле

Вработен – неедитабилно поле, пополнето е според избраниот вработен од претходната форма

За година -  се внесува годината за која се доделува годишен одмор

Датум на решение  -  датумско поле, се внесува датумот на издавање на решението  за годишен одмор за внесената година

Архивски број – поле за внес на архивски број на решението за ГО на вработениот

Важност од датум – датумско поле, од кога може да се користи годишниот одмор

Важност до датум – датумско поле, до кога најдоцна може да се користи годишниот одмор

Денови за приговор – поле за внес на денови за приговор

 

Втор дел  - Образложение

Овој дел се состои од едитабилна табела која се добива од шифраникот на табелата Критериуми за годишни одмори. Ке има толку редици колку што ке има внесено критериуми во шифрарникот.

 

Полиња на табелата:

Опис – име на критериумот за годишен одмор

Денови  -  поле за внес на денови (или часови како децимален дел од денот) за ГО по тој критериум

 

Број на денови (вкупно) – неедитаблно, пресметковно поле кое ке се пополни со збирот на внесените денови за годишен одмор по критериумите за внесената година

 

 

Трет дел  - Користење

 

Опис на полињата во табелата:

 

Опис -  поле за слободен текст (пр. прв дел, втор дел,... пропорционален дел)

Број на документ -  се внесува број на документ (решение или архивски број) за доделеност/искористеност на цел или дел од одморот

Датум на документ – се внесува датумот на документот

Број на денови -  се внесува бројот на доделени/ искористен денови за тој дел од годишниот одмор

Од датум – се внесува датумот на доделен/искористен годишен одмор (дел)

До датум -  се внесува последниот датум на доделен/ искористен годишен одмор (или дел)

Да се јави на работа -  се внесува датумот кога треба да се јави вработениот на работа по користњето на годишниот одмор

 

Копчиња:

Затвори – на ова копче се затвора формата

Печати решение -  на ова копче се отвара образец за печатење на решение за ГО

                                                                     

image

 

 

 

 

 

 

image

Опис на функционалноста:

При користење на цел или дел од одморот, се внесуваат податоци за него со документ за годишен одмор и се печати решение. Доколку дојде до промена, се прави корекција и пак се печати решение за ГО. Ако се додели втор дел од ГО, ке се внесе ставка и пак ке се отпечати решение со записи за сите искористени делови и делот за користење.

Во колоната искористен одмор, всушност ке се прикаже искористен или испланиран одмор. Значи, ако му е доделен одморот, системот веке го смета и за искористен, иако вработениот се уште не е отиден на одмор.