Овој извештај го заменува образецот за рачно поплнување на ДДВ пријава. Се стартува од: Основно мени / Финансово / ДДВ книга/ ДДВ Пријава (ДДВ-04):
`

Се отвора формата прикажана на слика 10 која се состои од таб Филтер:

Слика 10 – ДДВ Пријава - таб "Филтер"
Опис на полињата кои се пополнуваат во овој таб:
1. Фирма - се бира фирмата за која ке се пишува ДДВ пријавата (ако претходно се дефинирани повеке)
2. Даночен период - се внесува датумскиот период за кој се однесува ДДВ пријавата
3. Датум - се внесува крајниот датум на периодот за ДДВ пријава
4. Рок за поднесување - се внесува датумот на поднесување на ДДВ пријавата
Печатење на извештајот
Со клик на копчето Печати се добива образецот за ДДВ пријавата:

Слика 11 – Образец ДДВ-04
Извештаите за ДДВ книга се добиваат врз основа на книжењата во Финансово – главна книга. Книжењата може да бидат рачни и автоматски.
Пред се треба да се дефинираат ДДВ конта.
Контата се дефинираат во Финансово/ Конта.

Контата кое се наменети за книжење на влезно и излезно ДДВ, се нарекуваат ДДВ контата. Овие конта се разликуваат од другите конта со соодветно пополнување на полињата:
- ДДВ Конто и
- Иницијална ДДВ Тарифа (слика 10).

Слика 10 – Пример за сетирање на ДДВ Конто
Во полето ДДВ конто се селектира Да и на тој начин се обележува дека ова конто е наменето за книжење на влезно или излезно ДДВ. Овде исто така се подесува во кое поле од ДДВ пријавата влегува вредноста прокнижена на оваа конто.
Мапирањето треба да се изврши според следнава шема:
Од левата страна на ДДВ пријавата се наоѓаат броеви од 1 до 17. Според тоа во кое поле од ДДВ пријавата треба да влезе прокнижената вредност на контото се внесува соодветното мапирање во Шифрарник на конта.
Пр. Конто 1300 се однесува на Влезен данок со општа стапка на оданочување и затоа во Шифрарник на конта е мапирано со (11) Наб.- Општа стапка (18:Осн.,19:Дол.).

На овој начин се мапираат сите ДДВ конта.
Рачните книжења се прават во Налог за книжење.
Формата се отвора од “Основно мени”/”Финансово”/”Налог за книжење”. Во формата се извршува книжење во Главната Книга од финансиското книговодство. На Слика 11 е прикажана формата “Налог за книжење”,таб “Налог”:

Слика 11 – Рачно книжење во Главна книга
За претходно дефиниран тип на документ се книжи документот. ДДВ се книжи на соодветно ДДВ конто и износот се внесува во полето Должи (val).
Основицата за ДДВ се внесува во полето Основица за ДДВ. Ова поле има вредност 0 за контата кои не се дефинирани како ДДВ конта.
Книжење на ставка за затворање на ДДВ
Затварање на ДДВ се прави во Финансово/Налог за книжење со тоа што ставката со која се затвара ДДВ-то се означува во посебно поле Вид на ставка за кое се избира вредност = ‘ДДВ Ставка’. Овој услов е битен за да не излегуваат ставките за затварање на ДДВ-то, на извештаите за ДДВ.

Автоматско книжење
При изработка на документи во Налог за набавка и Налог за продажба за кои е поставена книжна шема, при книжење на документите, се извршува и книжење во главна книга.
Книговодството на секој клиент доставува соодветна книжна шема за одреден документ. Книжната шема се внесува во соодветна форма и се поставува да книжи за одреден вид на документ (ова го прават стручни лица од Сигма-СБ).
За прокнижување на ДДВ, потребно е во книжната шема да се постави соодветно ДДВ конто, вредност на ДДВ и основица за ДДВ:
Аналитика на ДДВ тарифи
Се дефинира во Залиха на магацин – Параметри – ДДВ тарифи – во колоната тарифа.

|
Аналитика на тарифи |
Кратенка |
Опис |
|
V |
V(AT) |
Аналитика на ДДВ тарифа на износот кој се книжи. |
Пример:
1600V – значи дека
книжењето на износот за ДДВ тарифа 18%, ќе се изврши на конто 16001,
книжењето на износот со ДДВ тарифа 5%, ќе се изврши на конто 16002,
книжењето на износот со ДДВ тарифа 0‘, ќе се иврши на конто 16000.
Комбинирање
Овозможено е комбинирање на цифри и аналитиките за објекти и ДДВ тарифи, со цел да се поедностави книжната шема и да бидат покриени сите можни случаи. Пример за можни комбинации се 751F1V1, 664F0V, итн...
Вредност
Во оваа колона се избира типот на финансискиот износ за книжење. Се избира еден од понудените типови на вредност.

Вредност за основица
Во ова колона се избира вредности за основица , само за ДДВ контата за кои е потребна вредност како основица за пресметка на ДДВ износот.