Сигма-СБ е снабдувач на водечки ИТ решенија за управување со бизнисите. Со своите клиенти остварува долгорочно стратегиско партнерство и претставува столб во сите фази на развојот, имплементацијата и надградбата на информатичките системи со цел зголемување на успешноста и растот на своите клиентите.

Компанијата од 1995 год. до денес стана препознатлива и ќе работи на тоа да остане препознатлива по испораката на комплексни решенија за компаниски менаџмент, кои покрај софтверски производи и опрема вклучуваат и консалтинг за управување со податоци. Ќе работиме на одржување на стекнатото реноме на компанија која работите ги извршува до крај.

Ние веруваме дека преку користењето на добро дизајнирани и добро имплементирани информатички системи бизнисите можат да ја зголемат својата конкурентност и да станат поуспешни во сите области од деловното работење.

Од тие причини, Сигма-СБ е посветена кон постојано вложување во развој на сопствените капацитети, производи и услуги, со што уште подобро ќе може да одговори на сé поголемиот број на предизвици кои модерните трендови ги налагаат на нашите клиенти. За успешно да одговори на барањата, Сигма-СБ вложува во своите вработени преку постојани обуки, специјализации и сертификати.

Сигма-СБ посветува посебно внимание кон компаниите кои веќе ја укажале нивната доверба и ни дозволиле да ја докажеме нашата посветеност и стручност при решавањето на нивните потреби за подобрување на деловните процеси. Тоа нас уште повеќе не мотивира да се развиваме и растеме, за да можеме во иднина да одговориме на многу покомплексни и посуштински предизвици кај нашите клиенти, се со цел не само да го здржиме нивото на нивното задоволство, туку и значително да ги надминеме нивните очекувања.

Во најголем број случаи воспоставената деловна соработка со нашите клиенти ја надминува границата клиент/снабдувач и преминува во долгорочно партнерство. Сигма-СБ ја игра улогата на ИТ менаџер во компаниите. Со ова нашата одговорност не е само да ги доставиме побараните решенија, туку да се грижиме за иднината на нашите клиенти.

Сите наши производи се изградени врз основа на искуството на нашите клиенти (customer experience). На тоа практично искуство тимот на Сигма-СБ ја додава својата експертиза во ИТ аспект и кога сето тоа ќе се спореди со најдобрите пракси од областа кои се во примена ширум светот, се добива квалитетен производ кој од една страна е едноставен и лесен за користење, а од друга страна комплетно ги задоволува потребите на корисниците. 

Долгогодишното искуство во реализација на голем број на проекти ја зголеми нашата експертиза на највисоко можно ниво во регионот. Нашите решенија даваат огромна конкурентна предност на нашите клиенти кои се во следните индустрии:

    • Индустриско производство
    • Дистрибуција на стоки
    • Малопродажба
    • Сервис на возила и опрема
    • Финансиски услуги
    • Ресторани и хотели

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.