Имплементирани стандарди за Менаџмент и Обезбедување на квалитет

Сигма-СБ поседува IT Mark Premium сертификат издаден од ESI (European Software Instiutre), базиран на CMMI (Capability Maturity Model Integration), систем за обезбедување на квалитет и подобрување на деловните порцеси за развој на софтвер, ISO17799/ISO27001 стандарди за сигурност на информации и 10-squared методa за проценка на бизнисот

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.