Почитуван читателу,

Нашето модерно време е најдинамично досега. Статистиката говори дека податоците со кои владееме се дуплираат секои две години, професиите се менуваат постојано и се појавуваат нови професии кои до сега не постоеле, комуникацијата станува сé поедноставна и подостапна, технолошкото знаење застарува за помалку од четири години, социјалниот живот веќе не е ист како што бил претходно... Ако вакво е минатото, каква ќе биде иднина? Јас би рекол уште подинамична со многу поголеми промени. Сето ова е резултат на развојот на технологијата која се инволвира во сите области на човековото живеење. 

Сигма-СБ, како компанија која се занимава со искористување на технолошките предности од областа на информатичката технологија и нивно аплицирање во секојдневното рабoтење кај нашите клиенти, стои исправена пред предизвиците кои ги носат овие промени. Изминатите 16 години постоење ни даваат за право да кажеме дека успешно се справуваме со предизвиците на технолошкиот развој, но и дека уште повеќе мотивирани во иднина ќе продолжиме да ги пратиме трендовите.

Долгогодишното искуство во изградбата на информатички системи за компаниски менаџмент е темел на нашата способност за реализација на комплексни решенија, кои истовремено комбинираат експертско знаење од информатичка технологија и економија.

Ние веруваме дека во ниту една област на човековото живење не постојат решенија или производи кои се универзално применливи. Од тие причини, ние во Сигма-СБ посветуваме големо внимание на специфичноста на потребите на нашите клиенти градејќи решенија кои во секој момент ги задоволуваат релевантните технолошки стандарди, но и специфичните стандарди кои ги имаат нашите клиенти.

Не постои добар и лесен начин во исто време. Ние го одбравме добриот начин. И го можеме тоа.

Нашата мисија е да ја направиме технологијата достапна и употреблива за нашите клиенти, а со тоа, управувањето со бизнисот да го направиме поедноставно.

 

Славчо Бујароски

генерален директор

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.