Нашата мисија е да ја направиме технологијата достапна и употреблива за нашите клиенти, а со тоа управувањето со бизнисот да го направиме поедноставно.

Сигма-СБ на своите клиенти им врши трансфер на know-how преку професионален бизнис консалтинг и современи информатички-комуникациски решенија во кој е вграден одговор на специфичните потреби на клиентот. Ова го прави за да им помогне да бидат поуспешни и поконкурентни и да им овозможи раст преку користење на нивниот целосен бизнис потенцијал, заштеда на нивното време и пари, со подобрување на ефикасноста на внатрешните ресурси.

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.