Тинекс ја максимизираше ефикасноста со користење на SSBEdi

За Тинекс

Тинекс е водечки малопродажен синџир на маркети, кој располага со 46 објекти: маркети, супермаркети, дисконти и дрогерии, на површина од 26.000м2, со над 1200 вработени. Услугите на Тинекс ги користат над 500.000 задоволни потрошувачи. Целокупниот асортиман што компанијата го нуди на своите потрошувачи, распределен во сегментите Супер Тинекс, Тинекс Дисконт и дрогеријата Космо Тинекс, опфаќа над 20.000 различни производи.

Визијата на компанијата е да им овозможи на своите потрошувачи да купат производи со добар квалитет и поволни цени, да добијат добра услуга и пазарувањето во маркетите на Тинекс да им биде задоволство.

Во остварувањето на оваа визија, Тинекс вложува многу ресурси, пред сѐ во унапредување на сите процеси кои се во позадина на секојдневното снабдување на потрошувачите со огромен број на квалитетни артикли и обезбедување најквалитетна услуга. Тоа подразбира комплексен сет на логистички процеси, управување со масивен обем на набавки и комуникација со голем број на добавувачи.

 

Ситуација пред имплементација на SSBEdi

Во своето работење Тинекс секоjдневно воспоставува контакти со своите добавувачи на повеќе нивоа: нарачки за дополнување на залихите, преглед на состојбата на залихите, прием на стоки и фактури од добавувачите, реализација на плаќања, и преглед и усогласување на обврските кон добавувачите. Токму затоа, најголемиот предизвик на компанијата беше максимизирање на ефикасноста на сите овие процеси и оптимизирање на административните процедури.

“Намерата ни e да го намалиме бројот на интеракции со добавувачите заради административни активности“ –вели Бобан Насковски, директор на ИТ секторот во Тинекс. „Целта e на тој начин да ослободиме квалитетно време кај нашите менаџери, кое ќе биде искористено за подобрување на нашите услуги“

Oд клучно значење e фактот што компанијата секогаш проактивно пристапува кон унапредувањето на интерните процеси, Тинекс секогаш бил препознатлив по користењето на најновите придобивки од ИТ технологиите. Анализите на компанијата покажаа дека времето потрошено за административна обработка на нарачките кон добавувачите, евиденција на прием и раскнижување на влезните фактури од добавувачите може значајно да се намали преку технолошко унапредување на деловнот процес за набавка. Како најсоодветно решение за постигнување на овие цели Тинекс ја избра имплементацијата на SSBEdi во секoјдневното работење на компанијата.

 

Бенефити од работењето со SSBEdi

Со користењето на оваа услуга од страна на Сигма-СБ, Тинекс изгради стратешка соработка со партнер кој континуирано ќе се грижи за развојот на соработката во областа на електронската размена на документи со своите добавувачи. Веднаш после имплементацијата Тинекс доби флексибилен систем за размена на нарачките кон своите добавувачи преку што го скрати времето за администрација на нарачките кон добавувачите. Следењето и статусот на документите се прави “тивко” со автоматизирани процедури кои работат цело време и алармираат само ако има проблем со некој документ.
Видливоста на целиот процес е обезбедена преку автоматизирани сумарни извештаи кои ги обезбедуваат сите потребни информации за менаџментот.

 

Следни чекори

Со започнувањето на работа на Логистичко-Дистрибутивниот Центар, Тинекс има намера да имплементира напреден протокол за електронска размена на документи со своите добавувачи со што:

  • Ќе се елиминираат неоперативни баркодови;
  • Опсегот на информации вклучени во нарачките кон добавувач значајно ќе се зголеми;
  • Времето за прием на стоки од добавувач значајно ќе се намали;
  • Грешките во документацијата за прием и влезна фактура ќе се елиминираат;
  • Ќе се елиминира времето потребно за усогласување на сосотојбата на салдата на обврски кон добавувачите бидејќи SSBEdi обезбедува да биде идентична на 2-те страни, кај Тинекс и добавувачите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *