SSB RMS – Управување со малопродажба

SSB RMS (Retail Management System) –  е робустно софтверско решение за управување со малопродажбата. SSB RMS е софтвер кој може да поддржува мали маркети, но исто така и ланец од големи супер маркети.

Системот е составен од 3 различни апликации:
  1. SSB POSMaster – централна апликација за менаџирање со сите продавници. Преку SSB POSMaster, SSB POS системот е поврзан до ERP системот на компанијата
  2. SSB POSStore – aпликација за управување со една продавница
  3. SSB POS – апликација за која претставува компјутерска каса во продавница
Главни карактеристики
  • Автоматски трансфер на податоци од ERP системот преку SSBPos системот до касата и обратно
  • Класификација на продуктите по категории, подкатегории, модели и др…
  • Достапност од дистанца до залихата и дневната продажба во реално време
SSB POSMaster карактеристики
Размена на податоци со ERP системот
Централна Администрација
   Ценовници
   Дефинирање на ставки
   Шема за попусти
      Happy hour
      Викенд цени
      Попуст за  VIP потрошувачи
      Количински попуст
      Финансиски попуст
Дистрибуција на податоци до сите маркети
Добивање на податоци од сите маркети
Организирање на наградни игри, подароци за купувачите, лотарија …
Дебитни картички, клуб на лојалност…
Издавање на ваучери, е-пари
Извештаи

SSB POSStore карактеристики
Контрола на залихата во маркетите
Преглед на залихата во други објекти на компанијата (маркети, магацини)
Преглед на продажби по каси
Систем за печетење на лабели (налепници)
Автоматска нарачка во зависност од дневната продажба
Систем за пребројување (попис)
Извештаи

SSB POS Карактеристики
Моќен систем за пребарување по: опис, баркод, сериски број, број на продуктот,  дата на истекување на рокот, боја, големина…
Лесно регистрирање на плаќањата од страна на касиерот.
Начини на плаќање (во готово, кредитни картици, плаќање во странска валута со моментална конверзија во локална валута, чекови, купони…).
Брзина – функциналност со користење на малку типки од тастатурата сместени на десната страна, со што се овозможува користење само една рака.
Лесен за користење, потребно е обука од само еден час на вработените. Практичен дизајн и интерфејс – софтверот за каса е таков што на екранот се сите потребни функционалности, а сите дополнителни информации ке се појават на екран само со еден клик на тастатурата.
Безбедност – системот обезбедува вистински податоци. Дневните фискални извештаи се трасферираат до централата со оригиналните податоци. Со секоја издадена сметка се намалува залихата, а се зголемува дневната продажба.
Поништување и враќање на артикли – сите корекции се регистрираат. Нема можност за било каква злоуптреба.

Хардверска опрема
Стандарден персонален компјутер
Монитор (се препорачува 9” или LCD)
Фискален печатар
Матричен или термален принтер
Баркод скенер
Читач за картички
POS Display
SSBPos
Напојување за струја (UPS)

Каде се користи SSB POS
Секаде каде што е потребна брза и ефикасна продажба на стоката
   Маркети
   Супермаркети
Дијаграм на работниот процес