Услуги за системска интеграција и администрација

Системска интеграција подразбира процес за изградба на целосен информатичски систем. Ова подразбира многу повеќе од инсталирањето на еден персонален компјутер со принтер или поставување на кабли за локална мрежа од персонални компјутери.

Интеграцијата на еден голем и сложен информатички систем бара сестрано познавање и способност за планирање и реализација на сложени активности како што се: сигурносен систем за права на достап до информатичките ресурси и податоци, систем за контрола на инсталираните апликации, систем за заштита (backup) на податоци, систем за заштита од вируси, систем за поврзување со оддалечени локации, е-маил систем и уште многу други. Сето ова бара високостручен пристап од специјалисти кои вложиле многу во своето знаење.

Наш пристап

Сигма-СБ континуирано вложува во усвојувањето на најдобрите практики од оваа област. Преку своите партнери ги прати најновите трендови и создава сопствен интегрален пристап и know-how кое се прилагодува според специфичноста на секоја поединечна интеграција. Ова резултира во сериозен систематски пристап при реализацијата на вакви проекти

Наши услуги

    • анализа на потребите на клиентот
    • дизајн на решение според потребите и cost-benefit анализа
    • избор и набавка на соодветна опрема (хардвер и софтвер)
    • имплементација на целосниот систем
    • поддршка и фино сетирање на системот во деновите после go-live
    • мониторинг и администрација на поставениот систем

За повеќе информации како да ја користите оваа услуга, Ве молиме да нé контактирате.