Главниот бизнис на Сигма-СБ е изведување на проекти. Нашите клиенти се претежно во реалниот бизнис сектор.Најголемо учество во продажбата земаат производите и услугите кои се директно поврзани со автоматизацијата на определени деловни активности кај нашите клиенти.

Општ тренд на пазарот е потребата за комплетни и комплексни деловни услуги поврзани со управувањето на сложени деловни процеси во индустриско производство, продажба, набавка, управување со финансии и човечки ресурси.

Производите и услугите на Сигма-СБ се различни, но имаат заедничка визија да гарантираат комплетни решенија. Тие може да се групираат во следните области:

    1. SSB софтверски решенија за компаниски менаџмент
    2. Microsoft Dnamics NAV и Microsoft Dynamics CRM
    3. Услуги за системска интеграција и администрација на комплетни ИТ системи
    4. Услуги за избор, набавка и одржување на ИТ опрема
    5. Консалтинг за автоматизација, реинженеринг и оптимизација на бизнис процеси
    6. Изнајмување и хостирање на апликации (SaaS - Software as a Service)
    7. Help Desk и техничка поддршка - SLA (Service Level Agreement)

 

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.