Во бизнисот со малопродажба и големопродажба, организацијата на продажбата се појавува во сите облици и големини - големи или мали продажни објекти, централно контролирани или автономни, микс од продажни канали или специјализирани. Секој продажен објект има своја специфичност, но сите имаат иста заедничка основна потреба: можност ефективно да се управуваат продажните операции.

SSB Store е сеопфатна алатка за управување со продажните операции за сите видови на продажни канали. Решението може да се адаптира на било кој тип на организација и да Ви овозможи ефективно управување на продавници од било која големина. Управувањето може да биде централизирано за корпоративна организација или децентрализирано за автономни операции.

SSB Store овозможува голем број на позадински алатки вклучувајќи контрола на артикли и добавувачи, организација за дополнување, управување со цени и контрола на фактурирање. Вам ќе ви овозможи:

    • Автоматска калкулација на профит и маржа по производ 
    • Утврдување на оптимални продажни ценовници, водејќи сметка за производите, нарачките и конкуренцијата
    • Организирање на продажни кампањи преку специјални цени и попусти
    • Систем за пратење на залихата и дополнување

SSB Store е докажано решение кое се користи од продавачите во регионот ефективно да управуваат со специфичните потреби на продажните објекти со различни карактеристики и предизвици. За повеќе информации како да го ставите SSB Store и останатите решенија на Сигма-СБ да работат за вас, Ве молиме да нé контактирате.

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.