Линк: Првеземи SSB PRPOS брошура во PDF

  

SSB RPos – Едноставно, брзо и ефикасно

Софтвер за угостителски објекти – ресторани, барови, кафулиња...

 

- Обуката на новите вработени трае долго?

- Вработените често ги грешат производите?

- Немате визуелна прегледност на масите, мениjата, нарачките?

- Нарачките споро се испорачуваат?

- Испорачувате погрешни нарачки?

- Келнерот ја заборавил нарачката?

- Имате повеќе објекти и не можете централно да ги менаџирате?....

 

 

Ако одговорите на овие прашања не Ви се допаѓаат, тогаш дефинитивно Ви треба SSB RPos

 

 

Кои се придобивките од користењето на ССБ РПОС?

  1. Брза и едноставна обука за новите вработени (20 мин)
  2. Брзо и безбедно логирање на корисниците со RFID
  3. Невозоможно да има грешки при одбирање на артикл
  4. Брзо и едноставно евидентирање на нарачки додека гостите се одлучуваат (со користење на PocketPC со безжична мрежа)
  5. Централизирано управување на повеќе угостителски објекти
  6. Задоволни клиенти - клуб картици за VIP клиенти
  7. Организирање на приватни забави со посебно мени по избор на клиентот и посебни цени

 

 

 

 

 

Значајни карактеристики на ССБ РПОС

 

  1. Конфигурација на работните екрани (менија и маси) во зависност од типот и оптовареноста на објектот.
  2. Ефикасна релизација на нарачки во реално време со користење на преносни уреди за маркирање.
  3. Можност за опслужување на повеќе сали во исто време.
  4. Визуелизација на поставеноста на масите во секоја сала
  5. Задавање на важни појаснувања на нарачките со што комуникацијата меѓу просториите во објектот се сведуваат на минимум.
  6. Динамичка промена на рецептите за порачаните јадења и пијалоци за најдетално опслужување и отчитување на подготвуваните јадења и пијалоци по желба на гостинот.
  7. Флексибилен систем за попусти и клиентски карти, попусти погрупи на артикли, клуб карти и систем за претплата на артили и услуги.
  8. Делење или собирање на порачки при завршување на сметка.
  9. Кориснички нивоа на пристап (администратор, шеф, келнер)

 

 

Што е ССБ РПОС?

ССБ РПОС е уникатно ИТ решение за работа со угостителски објекти.

 

ССБ РПОС може да работи како независно вертикално решение или како интегрален дел од ЕРП систем.

 

ССБ РПОС најдобро работи на опрема која користи монитор со допир (tousch screen monitor), но може да работи и на компјутер со обичен монитор, при што се користи глувчето и тастатурата.

 

 

На ССБ РПОС може да се поврзе и ССБ РПОС мобиле, систем која работи на рачен компјутер и се користи за брза и прецизна обработка на нарачките.

 

 

 

Функционален опис

SSBRPos претставува софтвер кој се користи при ресторантско работење. Ги содржи примарните  активности при работа во ресторан (дефинирање и употреба на менија, маси,ценовници итн.) како и дополнителни функционалности кои би можело да придонесат во олеснување на работата.

Функционалности на софтверот се следните:

Можност за дефинирање на повеќе типови на продажба 

Софтверот овозможува да се дефинираат повеќе типови на продажба и истите да се користат при работењето. Секој различен тип на продажба(на пр. самопослужување, ресторан, слаткарница, итн) може да има посебно мени со посебни ценовници и попусти.

Дефинирање и распределба на мени

Се овозможува дефинирање на главно мени (кое ќе се употребува во секојдневното работење), како и други менија кои би се употребувале за специјални пригоди (прослави,  фамилијарни веселби, итн). Во секој момент може да се внесат нови артикли во менито , како и да се променат истите.

Дефинирање на сали и распределба на маси

Ресторанот може просторно да се распредели на повеќе сали, во коишто се врши дефинирање на маси со број или опис на масата.

Подесување на посебни ценовници за приватни прослави

При специјални пригоди и прослави, може да се користат посебни ценовници на менијата, кои ќе важат само за тие  пригоди. Подесување на посебен ценовник се врши само за оддбрани, при што се избира од претходно дефинираните ценовници.

Правење на нарачка и праќање на истата за подготовка

Нарачката за одредена маса се пополнува од страна на келнерот, кој ги внесува нарачаните артикли од секоја група на  мени и количината за секој од нив. Веќе направената нарачка може да се измени со додавање на нови артикли, менување на количината на постоечките или пак бришење на внесените артикли. Откако нарачката е направена, се испраќа за подготовка. Нарачката се печати во принтерите кои се однапред  дефинирани ,зависно од артиклите кои се во нарачката.

Групирање и поделба на маси 

Софтверот овозможува групирање на нарачките  од повеќе маси на една или  поделба на масата во повеќе групи на гости. На пример, во случај кога на истата маса седнуваат друга група на гости, нивната нарачка се пресметува одделно од нарачката веќе направена за таа маса, значи се групира масата на 2 одделни групи.

Трансфер на маси

Во случаи кога нарачката од една маса треба да се префрли во друга маса, се врши трансфер на масите. При трансферот во друга маса, може да се префрли цела сметка , одредени артикли, или дел од артиклот.

Club Card 

Moжност за работење со клуб картици за посебни и редовни клиенти. Одреден клуб клиент би можел да има посебен ценовник, одредени попусти на артиклите, итн.

Можност за повеќе начини на плаќање

При издавање на сметката на клиентот, возможни се неколку начини на плаќање и тоа: Плаќање во готово, со картица или на кредит.

Печатење на сметката на фискален принтер

Откога се врши наплатата на сметката, истата се печати на фискален принтер, за седење или за носење.

Прегледи и извештаи

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.